• среда, 27 ноември 2024

МВР ги демантира тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ за наводна кражба од Дрисла

МВР ги демантира тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ за наводна кражба од Дрисла
Скопје, 9 октомври 2022 (МИА) - Министерството за внатрешни работи ги демантира денешните тврдења на ВМРО-ДПМНЕ за наводна тешка кражба во Јавното претпријатие Дрисла од каде, како што соопшти претходно опозициската партија, се изнесува бакар како отпадно железо, притоа прозивајќи го МВР за непреземање соодветни мерки. -По добиена пријава дека денеска од депонијата во Дрисла се изнесува голема количина на бакар, од страна на полициски службеници од ЕВР Аеродром и Драчево, ЕИК, ЕВР Карпош и ЕИП, веднаш се преземени мерки и активности, при што е извршен разговор со раководни лица и вработени во депонијата и во Комуналното претпријатие на град Скопје. Притоа е констатирано дека во Дрисла нема бакар, а со товарно возило камион од Комуналното претпријатие на град Скопје најпрво во Дрисла биле истоварени шут и смет од Зоолошката градина во Скопје, кои биле исфрлени во депонијата, а на враќање, по извршен ископ на земјиште со багер, во истото возило била натоварена земја наменета за Зоолошка градина и донесена до неа, соопштија од МВР. Според нив, со пласирањето на вакви лажни вести, ВМРО ДПМНЕ продолжува да ги доведува во заблуда граѓаните на  Северна Македонија, а своите внатрепартиски игри да ги става над точното информирање на јавноста, притоа, нагласуваат, обидувајќи се да наштети не само на угледот на институцијата, туку и на работењето на полицијата како гарант на редот, безбедноста и владеењето на законите. Од ВМРО-ДПМНЕ претходно соопштија дека според нивни основани сомневања и информации во ЈЈП Дрисла се врши тешка кражба на бакар кој се изнесува под ставката отпадно железо. Опозициската партија воедно наведе дека МВР молчи и премолчено одобрува изнесување на материјал вреден десетици илјади евра. Тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ ги негираа и од Град Скопје, од каде побараа извинување, како што рекоа, за изнесената лага. лв/аа/

Остани поврзан