МВР Билтен
- Синоќа во 22:20 часот, полициски службеници од СВР-Струмица - ОВР-Радовиш го лишиле од слобода 25-годишниот радовишанец Ј.Т.. Тоа, поради сомнение дека околу 19 часот се обидел да изврши тешка кражба во куќа - сопственост на Г.С., 77-годишно лице од Радовиш. Во службениот разговор, Ј.Т. го признал делото. Тој бил задржан во Полициската станица - Радовиш. За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство - Радовиш. По негово целосно документирање, против Ј.Т. ќе биде поднесена соодветна пријава.
Скопје, 21 јануари 2025 (МИА) - Вчера во 16 часот, полициски службеници од СВР-Струмица - ОВР-Радовиш го лишиле од слобода М.С., 27-годишен радовишанец.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана. За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство - Радовиш. По документирање на случајот, против М.С. ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Вчера во 12:30 часот на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР - Скопје го лишиле од слобода М.М., 23-годишен скопјанец.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени прашкаста материја, марихуана и семки. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.
Синоќа во 22:20 часот, полициски службеници од СВР-Струмица - ОВР-Радовиш го лишиле од слобода 25-годишниот радовишанец Ј.Т..
Тоа, поради сомнение дека околу 19 часот се обидел да изврши тешка кражба во куќа - сопственост на Г.С., 77-годишно лице од Радовиш. Во службениот разговор, Ј.Т. го признал делото. Тој бил задржан во Полициската станица - Радовиш. За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство - Радовиш. По негово целосно документирање, против Ј.Т. ќе биде поднесена соодветна пријава.
Синоќа во 22:50 часот, полициски службеници од СВР - Куманово го лишиле од слобода Љ.И., 30-годишник од село Ваксинце, општина Липково, затоа што кај него била пронајдена прашкаста материја.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.
Синоќа во 20:45 часот на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР - Скопје го лишиле од слобода Л.Р., 20-годишен скопјанец, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.
По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
Синоќа во 20:20 часот на подрачјето на село Волково, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР - Скопје го лишиле од слобода И.В., 33-годишен скопјанец, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.
По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
Синоќа во 22:40 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР - Скопје го лишиле од слобода И.И., 31-годишен скопјанец, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.
По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
Синоќа во 22:45 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР - Скопје го лишиле од слобода Д.Џ.С., 23-годишен скопјанец, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.
По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
Вчера во 15:20 часот во Полициската станица - Чаир, А.В., 40-годишна скопјанка, пријавила дека во населба Бутел била касната од куче скитник.
Вчера во 10:40 часот во Полициската станица - Аеродром, Л.Ј., 79-годишна скопјанка, пријавила дека на булеварот „Јане Сандански“ во Скопје била касната од куче скитник.
Вчера во 12:30 часот во Полициската станица - Драчево, А.Д., 31-годишник од село Зелениково, скопско, пријавил дека на улицата „Малешевска“ во Скопје бил каснат од куче скитник. бд/СА/
Фото: МИА архива