• понеделник, 16 декември 2024

МВР Билтен

МВР Билтен

Скопје, 31 август 2023 (МИА) - Денеска (31.08.2023) полициски службеници од СВР Скопје- Единица за недозволена трговија, по претходно добиени оперативни сознанија и наредба за претрес од Основен кривичен суд Скопје, извршиле претрес во дом кај Д.Ц. (38) во с. Добри дол, општина Сопиште.

При претресот, информираа од МВР, пронајдени се четири кеси со околу четири килограми марихуана, вредна околу 20.000 евра. Д.Ц. е лишен од слобода и задржан во полициска станица и против него по документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава по брза постапка.

На 30.08.2023 полициски службеници од СВР Скопје  привеле 16-годишен малолетник поради основано сомнение дека извршил кривично дело разбојништво во обид на 28.08.2023 околу 20.30 часот кога во трговски центар на подрачје на Центар, заедно со уште едно лице со остар предмет нападнале тројца малолетници од Скопје и им нанеле повреди. Против малолетникот е поднесена кривична пријава по брза постапка до ОЈО Скопје.

На 30.08.2023 во 17.55 часот на подрачје на Гази Баба, полициски службеници го лишиле од слобода М.С.(21) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 31.08.2023 во 01.20 часот на подрачје на Чаир, полициски службеници го лишиле од слобода А.И.(27) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 31.08.2023 во 01.00 часот на Граничен премин „Долно Блаце“, полициски службеници го лишиле од слобода Г.Б.(37) од Косово затоа што по извршена проверка било констатирано дека евидира во службената евиденција со мерка „апси”  по барање на Секторот за меѓународна полициска соработка- Интерпол. Тој бил предаден на полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при  СВР Скопје за понатамошна постапка.

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (30.08.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 236 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 46 санкции, 22 мерки за возење без возачка дозвола, шест санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл. Изречени се 10 санкции за користење на мобилен телефон при возење, 11 мерки за некористење на сигурносен појас, седум санкции за минување на затворен сигнал - црвено светло....

Секторот за внатрешни работи Битола во текот на вчерашниот ден (30.08.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на СВР Битола санкционирани се 96 возачи, меѓу кои 30 мерки за возење повеќе од дозволената брзина и тоа 20 во населено место и 10 надвор од населено место, 23 мерки за возење без возачка дозвола, девет санкции за непрописно паркирање. Изречени се две санкции за користење на мобилен телефон при возење, две мерки за некористење на сигурносен појас, седум санкции за управување под дејство на алкохол....

На 30.08.2023 на подрачјето на СВР Штип била спроведена акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. За време на контролата биле констатирани 11 прекршоци, од кои 4 надвор од  населено место и 7 во населено место. Санкционирани биле и 40 други видови на прекршоци, од кои, 9 за управување возило без возачка дозвола, 1 за возач почетник, 2 за нерегистрирано возило, 2 за технички неисправно возило, 4 за управување возило под дејство на алкохол, 3 за некористење сигурносен појас, 1 за користење мобилен телефон, 5 за некористење заштитна кацига, 12 за непрописно паркирање и 1 за непрописно вградени фолии.

На 30.08.2023 околу 22.30 часот во СВР Скопје било пријавено на бул.„Борис Трајковски“ во Скопје, патничко возило „алфа ромео“ со скопски ртегистарски ознаки удрило во малолетничка од Скопје, по што возачот го напуштил местото. Малолетничката била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде и биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот. Приведени се осомничени лица во врска со настанот.

На 30.08.2023 во 14.15 часот во Полициската станица Гази Баба, Т.Т.(61) од Скопје пријавил дека на ул.„Јани Лукревски“ бил каснат од куче скитник.

На 30.08.2023 во 16.30 часот во Полициската станица Драчево, Н.Т.(70) од Скопје пријавила дека на подрачје на Драчево била касната од куче скитник.

На 30.08.2023 во СВР Битола, М.Ј.(61) од Битола пријавил дека во с.Кукуречани бил каснат од куче скитник.

На 30.08.2023 во ОВР Прилеп, К.Г.(61) од Прилеп пријавил дека во населба „Точила“ во Прилеп бил каснат од куче скитник. цр/

Фото:МИА

 

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан