• вторник, 25 февруари 2025

МВР Билтен

МВР Билтен

Скопје, 25 февруари 2025 (МИА) - На 24.02.2025 во 17.00 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода А.А.(35) од Куманово. При претрес во неговиот деловен објект, извршен со судска наредба, биле пронајдени шприц со кафеава течност и прашкаста материја. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

На 24.02.2025 во 15.50 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода К.Г.(18) од Струмица. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, дробилка, предмети со остатоци од марихуана и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело. Тој бил задржан во Полициската станица Струмица, за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По документирање на случајот, против К.Г. ќе биде поднесена соодветна пријава.  

На 24.02.2025 во 22.00 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода В.А.(31) од село Ваксинце, општина Липково, затоа што кај него била пронајдена марихуана. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

На 24.02.2025 во 17.00 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Љ.Р.(39) од Куманово затоа што кај него била пронајдена прашкаста материја. Љ.Р. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

На 24.02.2025 во 20.45 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Д.Д.(18) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 24.02.2025 во 20.15 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Ф.В.(41) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 24.02.2025 во 11.22 часот во СВР Битола, В.С. пријавил дека при изведување градежни работи на ул.„Батаљон Стив Наумов” во Битола биле пронајдени 206 артилериски гранати калибар 75 мм, кои потекнуваат од Првата светска војна. Гранатите биле безбедно подигнати од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување Битола.

Денеска (25.02.2025) во 03.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Лазар Личеноски“ во Скопје, патничко возило „шевролет спарк“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 17-годишен малолетник од Скопје, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле неговите двајца малолетни сопатници, а со телесни повреди се здобиле малолетникот кој го управувал возилото и уште еден сопатник, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

На 24.02.2025 во 12.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„Живко Фирфов“ и ул.„Иван Хаџи Николов“ во Скопје, патничко возило удрило во пешакот П.Р.(72) од Скопје, по што возачот со возилото го однел пешакот во неговиот дом, но подоцна во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ Скопје на П.Р. му биле констатирани тешки телесни повреди. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 24.02.2025 во 09.00 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, Ц.Н.(80) од Скопје пријавила дека на ул.„Лука Геров“ во Скопје била касната од куче скитник.

На 24.02.2025 во 12.00 часот во Полициската станица Гази Баба, Ж.С.(59) од с.Јурумлери, скопско, пријавила дека на ул.„1“ во с.Јурумлери била касната од куче скитник.бт/

Фото: МИА Архива

 

 

 

Остани поврзан