• понеделник, 18 ноември 2024

МВР Билтен

МВР Билтен

Скопје, 15 октомври 2024 (МИА) - Денеска во 00.00 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Б.М.(29) од село Самоков, општина Македонски Брод, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела грутчеста материја.

Како што соопштија од МВР, по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
 
Денеска (15.10.2024) во 00.10 часот во Скопје, на подрачјето на Чаир, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Л.С.(21) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
 
На 14.10.2024 во 14.05 часот во Скопје, на подрачјето на Чаир, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле од слобода малолетник од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 14.10.2024 во 13.00 часот на Граничниот премин Богородица, на излез од државата,  полициски службеници го лишиле од слобода Ф.Б.(60) од Република Турција, со престој во Скопје, затоа што при извршена пасошка контрола било констатирано дека бил баран од Интерпол Република Турција. Тој бил предаден на полициски службеници во Полициската станица Гевгелија за понатамошна постапка.
                         
На 14.10.2024 во 23.10 часот во Скопје, на подрачјето на Ѓорче Петров, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го привеле С.С.(21) од Скопје затоа што кај него бил пронајден и одземен нож. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 14.10.2024 во 22.45 часот на бул. „Илинденска“ во Тетово, полициски службеници од  СВР Тетово го лишиле од слобода А.Ш.(18) од Тетово затоа што кај него била пронајдена и одземена дробилка со остатоци од марихуана. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.

На 14.10.2024 во 18.40 часот во СВР Куманово било пријавено дека на ул.„Ѓорче Петров“ во Куманово се случила сообраќајна несреќа помеѓу електричен тротинет, управуван од малолетник и мопед управуван од А.А.(19), двајцата од Куманово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.А., констатирани во Општата болница Куманово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.

На 14.10.2024 во 14.00 часот во Полициската станица Ресен било пријавено дека на магистралниот пат Ресен–Битола, на место викано „Макази“, патничко возило „мерцедес“ со ресенски регистарски ознаки, управувано од А.С.(38) од Ресен излетало од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Клиничката болница Битола. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Ресен.
         
На 14.10.2024 во 15.15 часот во Полициската станица Аеродром, Д.Х.(46) од Скопје пријавил дека на бул.„Јане Сандански“ во Скопје неговата малолетна ќерка била касната од куче скитник.
 
На 14.10.2024 во 15.30 часот во Полициската станица Кисела Вода, Н.Н.(88) од Скопје пријавил дека на ул.„Георги Димитров’“ во Скопје бил каснат од куче скитник.

На 14.10.2024 во 10.50 часот во Полициското одделение Петровец, Д.Ј.(83) од Скопје пријавил дека на паркинг простор на Катлановска бања, скопско, бил каснат од куче скитник.  цр/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан