• четврток, 25 јули 2024

МВР Билтен

МВР Билтен

Скопје, 16 јули 2024 (МИА) - На 15.07.2024 во 22.55 часот на подрачјето на Центар во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Центар го лишиле од слобода Д.З.(28) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

По целосно документирање на случајот, соопштија денеска од МВР, ќе следува соодветен поднесок.

На 15.07.2024 во 20.35 часот на подрачјето на Центар во Скопје, полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Центар и Бит Пазар при СВР Скопје го лишиле од слобода А.З.(27) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 15.07.2024 во 20.30 часот во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода Р.М.(65) од Гостивар, поради основано сомнение дека извршил кражба на велосипед. Украдениот велосипед бил пронајден кај него и бил вратен на сопственикот. Р.М. бил задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.

Вчера (15.07.2024) во 13.00 часот од страна на полициски службеник од СВР Штип е пријавено дека на задното седиште од службено полициско возило пронашол две најлонски опаковки со околу 1,5 грама грутчеста материја. Возилото за време на викендот е користено при приведување на повеќе лица поради нарушување на јавниот ред и мир и постои сомнение дека опаковките се оставени од некое од овие лица. СВР Штип презема мерки и активности за расчистување на случајот.

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (15.07.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 117 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 15 санкции, 16 мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, четири санкции за користење мобилен телефон при возење, пет мерки за некористење на сигурносен појас...

На 15.07.2024 во 15.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од бул.„Босна и Херцеговина“, ул.„Александар Урдаревски“ и ул.„Ќемал Сејфула“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „мерцедес“, управувано од Б.М.(49) од Виница и мотоцикл „сузуки“, управуван од Д.Ќ.(48) од Скопје, двете со скопски регистарски ознаки. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистиот констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

На 15.07.2024 во 12.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од бул.„Александар Македонски“, ул.„16. Македонска бригада“ и ул.„Интернационални бригади“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „рено“, управувано од Н.О.(30) од с.Побожје, скопско и мотоцикл управуван од С.Ф.(39) од Скопје, двете со скопски регистарски ознаки. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

На 15.07.2024 во 06.45 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека на автопатот А1, кај место викано „Милци“, гевгелиско, Д.Т.(19) од Гевгелија, управувајќи патничко возило „мазда“ со гевгелиски регистарски ознаки, изгубил контрола и со возилото излетал од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Медицински центар Гевгелија. Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Гевгелија.

На 15.07.2024 во 12.35 часот во Полициската станица Центар, И.Ѓ.(20) од Скопје пријавила дека во населбата Крњево во Скопје била касната од куче скитник.

На 15.07.2024 во 13.30 часот во Полициската станица Чаир, Ф.И.(58) од Скопје пријавила дека на ул.„Боро Менков“ во Скопје била касната од куче скитник.

На 15.07.2024 во 20.10 часот во Полициската станица Карпош, В.П.(50) од Скопје пријавила дека на ул.„Даскал Камче“ во Скопје била касната од куче скитник. цр/

Фото: МИА архива

 

 
 

Остани поврзан