МВР Билтен
- На 09.12.2024 во 21.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека во круг на фирма на ул.„Качанички пат“ во Скопје, чиј што управител е А.И.(47) од с.Брест, скопско, биле опожарени четири товарни возила, сопственост на фирмата. Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје.
Скопје, 10 декември 2024 (МИА) - Полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Куманово вчера во 10.30 часот, го лишиле од слобода Д.Н.(38) од Куманово.
Како што денеска соопштија од МВР, при претрес кај него, извршен по судска наредба, била пронајдена растителна материја. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
СВР Куманово - Отсек за недозволена трговија со дрога и оружје поднесе кривична пријава против Д.А.(35) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори по член 215 од Кривичниот законик. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени амфетамин и дигитална вага.
Во Скопје денеска во 00.05 часот на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле од слобода малолетник од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Денеска (10.12.2024) во 00.20 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.Ѓ.(43) од с.Марино, скопско, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 09.12.2024 во 20.00 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле од слобода малолетник затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 09.12.2024 во 16.00 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода Т.Ј.(18) од с.Сопиште, скопско и Ф.П.(21) од Скопје затоа што кај нив биле пронајдени и одземени марихуана и боксирач. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 09.12.2024 во 14.20 часот на ул.„Смилевски конгрес” во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода С.Р.(48) од Битола, кој бил баран по потерница врз основа на наредба од Основен суд Битола за издржување казна затвор. Лицето било спроведено во Казнено - поправната установа Затвор Битола за издржување на казната.
Нa 09.12.2024 во 01.10 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода К.П.(20) од Струмица затоа што кај него била пронајдена марихуана. Лицето било задржано во Полициска станица Струмица, за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 09.12.2024 во 21.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека во круг на фирма на ул.„Качанички пат“ во Скопје, чиј што управител е А.И.(47) од с.Брест, скопско, биле опожарени четири товарни возила, сопственост на фирмата. Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје. Полициски службеници излегле на местото на настанот и било констатирани дека целосно биле опожарени товарно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки со приколка, товарно возило „волво“ со скопски регистарски ознаки со приколка и товарно возило „волво“ со скопски регистарски ознаки со приколка, додека делумно било опожарено товарно возило „волво“ со скопски регистарски ознаки со приколка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 09.12.2024 во 15.25 часот во СВР Тетово било пријавено дека на автопатот Тетово - Гостивар, кај надвозникот за с.Пирок, патничко возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Н.А.(24) од Тетово, излетало од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Клиничка болница Тетово. Увид бил извршен.
На 09.12.2024 во 21.20 часот во Полициската станица Кисела Вода, А.К.(38) од с.Горно Соње, скопско, пријавил дека на бул.„Борис Трајковски“ во Скопје бил каснат од куче скитник.
На 09.12.2024 во 18.30 часот во Полициското одделение Галате, Х.Ј.(47) од с.Добридол, гостиварско, пријавил дека во селото, неговата малолетна ќерка била касната од куче скитник. цр/
Фото: МИА архива