• вторник, 24 декември 2024
МВР Билтен

Скопје, 22 јуни 2024 (МИА) - Полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Куманово вчера во 20:30 часот го лишиле од слобода С.С. (47) од Куманово.

При претрес во неговиот дом, извршен по судска наредба, биле пронајдени и одземени хероин и дигитална вага. С.С. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Денеска во 09:20 часот на улицата „Благоја Стефковски“ во општина Гази Баба – Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје  го лишиле од слобода Б.К.(44) од Скопје, кој бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Основен кривичен суд Скопје за издржување затворска казна од две години за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик.

Лицето било предадено во Полициската станица Гази Баба за понатамошна постапка, по што ќе биде спроведено во надлежната казнено – поправна установа за издржување на казната.

Вчера во 22 часот на наплатната станица „Сопот“, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога од Велес и Кавадарци ги лишиле од слобода М.А.(39), А.М.(43) и Н.А.(37), сите од Кавадарци, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени кафеава прашкаста материја и дигитална вага.

Тие биле задржани во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.   

Полициски службеници од Единицата за интервнетна полиција при СВР Скопје вчера го лишиле од слобода И.Л.(19) од Скопје, кој бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Основен кривичен суд Скопје поради бегство од Казнено – поправниот дом Тетово.

Лицето било спроведенo во Полициското одделение Шуто Оризари за понатамошна постапка.  

Вчера во 21:20 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода З.Т.(24) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (21.06.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 55 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 15 санкции, четири мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, четири санкции за користење мобилен телефон при возење...

Во ОВР Неготино вчера во 12 часот било пријавено дека на регионалниот пат Неготино - Демир Капија, во близина на село Прждево, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „сканија“ со полуприколка „шмитс“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Ѓ.Б.(27) од село Возарци, кавадаречко и патничко возило „фолксваген голф“ со демиркаписки регистарски ознаки, управувано од С.Т.(48) од Демир Капија.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот С.Т., а со телесни повреди се здобил Б.К.(34) од Демир Капија, сопатник во возилото „голф“ констатирани во болниците во Неготино и Кавадарци. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициска станица Неготино.   

Вчера во 08:20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Крсте Мисирков“ во Скопје, патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки управувано од Е.Е.(53) од. с.Љуботен, скопско, удрило во пешакот А.В.(27) од Скопје.  

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, додека со телесни повреди се здобил сопатникот во возилото, Р.М.(59) од с.Љуботен, скопско, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ - Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Во 20:10 часот вчера во СВР Скопје било пријавено дека на локалниот пат за с.Глумово, скопско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“, кое го напуштил местото и патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Љ.(27) од Скопје, кое потоа излетало надвор од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Ш.Љ.(49) од Скопје, додека останатите тројца сопатници, меѓу кои двајца  малолетници, сите од Скопје и 27- годишната Б.Љ. се здобиле со телесни повреди констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.   

Во петокот во 17.10 часот во Полициската станица Кичево било пријавено дека на локалниот пат за с.Крушино, кичевско, А.Д.(25) од Кичево, управувајќи мотоцикл, изгубил контрола и паднал на коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот констатирани во Општа болница Кичево. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кичево.

Вчера во 13.05 часот во Полициската станица Центар, М.Г.(29) од Скопје пријавила дека на бул.„Илинден“ во Скопје била касната од куче скитник.

Вчера во 20 часот во Полициското одделение Велешта било пријавено дека во с.Вевчани, струшко, В.Т.(32) од Скопје бил каснат од куче со сопственик.   

Во Полициската станица Прилеп вчера К.Д.(40) од Прилеп пријавила дека на ул.„Комитска“ во Прилеп била касната од куче скитник. бак/

Фото: МИА архива

Остани поврзан