МВР Билтен
- На 29.11.2024 година во 13:10 часот во СВР Битола било пријавено дека на регионалниот пат Р-1305 на место викано Чагор се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „Фиат“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Г.С.(34) и патничко возило „Цитроен“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ж.П.(61), а во сопственост на Агенцијата за храна и ветеринарство, инаку и двајцата од Демир Хисар.
Скопје, 30 ноември 2024 (МИА) - На 29.11.2024 година во 13:10 часот во СВР Битола било пријавено дека на регионалниот пат Р-1305 на место викано Чагор се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „Фиат“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Г.С.(34) и патничко возило „Цитроен“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ж.П.(61), а во сопственост на Агенцијата за храна и ветеринарство, инаку и двајцата од Демир Хисар. Во несреќата на местото на настанот починал Ж.П., а лекар од Итната медицинска помош од Демир Хисар констатирал смрт. По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола.
На 29.11.2024 година во 07:21 чaсот во СВР Охрид било пријавено дека на магистралниот пат А2, на автопат во изградба, кај девијацијата ,,Царо поле “, атар на село Ботун, општина Дебрца, патничко возило „Ауди А4“ со кичевски регистраски ознаки, управувано од Ф.К.(22) од Кичево, било пронајдено излетано од патот, во водите на реката Сатеска превртено на кровот. Во несреќата на местото на настанот починале возачот и неговата сопатничка Е.С.(21) од Кичево, констатирано од лекар од Итната медицинска помош. По наредба на јавен обвинител телата на починатите биле предадени на обдукција. Извршен бил увид од јавен обвинител, сообраќаен вештак и увидна екипа од СВР Охрид.
На 29.11.2024 година во 18:00 часот во Полициската станица Валандово било пријавено дека на регионалниот пат Р-1105 кај село Дедели се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „Волво“ со полуприколка „трисан“, со турски национални ознаки, управувано од Е.Н.(38) од Република Турција, патничко возило „Фолксваген пасат“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од М.С.(23) од Нов Дојран и патничко возило „Фолксваген голф“ со струмички регистарски ознаки, управувано од К.Е.(27) од с.Василево, струмичко. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобило лицето В.Н.(71) сопатник во возилото „Голф“ од село Сарај општина Босилово, а со телесни повреди се здобил возачот на „пасатот“ М.С., а констатирани во Општата болница во Гевгелија. За настанот бил известен јавен обвинител. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Валандово.
На 29.11.2024 година во 20:00 часот во СВР Битола било пријавено дека на крстосницата од улиците „Партизанска“ и „АСНОМ“ во Битола, патничко возило „Цитроен“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Д.Т.(61) од Битола удрило во пешакот С.С.(29) исто така од Битола. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Клиничката болница во Битола. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола.
На 29.11.2024 година во 16:00 часот,во Скопје пред угостителски објект на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.В(45) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Денеска во 01:45 часот во Скопје, во угостителски објект на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода Б.Д.(25) и Н.К.(27) двајцата од Скопје, затоа што кај нив била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Денеска во 02:20 часот во Скопје, во угостителски објект на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.Ш.(33) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Денеска во 00:10 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода М.А.(34) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 29.11.2024 година во 22:40 часот во Полициската станица Чаир, Р.П.(63) од Скопје пријавил дека на ул.„Призренска“ во Скопје бил каснат од куче скитник.
На 29.11.2024 година во 08:40 часот во Полициската станица Аеродром, Т.Т.(45) од Скопје пријавила дека на ул.„Тодор Атанасовски“ во Скопје, нејзиниот 17-годишен син бил каснат од куче скитник.фф/ев/
Фото: МИА Архива