• вторник, 24 декември 2024

МВР Билтен

МВР Билтен

Скопје, 6 јули 2024 (МИА) - На 05.07.2024 во 21.30 часот во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани го лишиле од слобода А.Ј.(26) од Кочани, затоа што при претрес во неговиот дом извршен со судска наредба, кај него биле пронајдени и одземени марихуана, бела прашкаста материја и пари. По целосно расчистување на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.

На 06.07.2024 во 02.35 часот во СВР Охрид се лишени од слобода В.Н.(25) и А.Т.(22), двајцата од Скопје. При преглед кај нив била пронајдена марихуана, а при претрес извршен по добиена судска наредба во камп приколка во Охрид, што ја користел А.Т., полициските службеници пронајдоа и одзедоа марихуана, грендер и други предмети со остатоци од марихуана. По целосно документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Денеска (06.07.2024) во 01.55 часот во Градскиот парк во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Б.Д.(24) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 05.07.2024 во 08.06 часот на Граничниот премин Меѓународен аеродром Скопје, полициски службеници го лишиле од слобода С.Р.(56) од Битола. При извршена пасошка контрола и проверки во оперативната евиденција било констатирано дека за него е издадена мерка „апси“, по барање од СВР Охрид, врз основа на од Основен суд Охрид. Тој бил предаден на полициски службеници од СВР Скопје за понатамошна постапка.

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (05.07.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 125 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 11 санкции, 12 мерки за користење на мобилен телефон при управување возило, пет мерки за некористење на сигурносен појас, 12 санкции за прекршоци што ги чинат возачи на мотоцикл...

На 05.07.2024 во 17.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул. „Партизански одреди“ во  Скопје, С.А.(49) во Скопје, управувајќи мопед „веспа спринт“ со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот. Во несреќата возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

На 05.07.2024 во 14.00 часот во СВР Скопје, било пријавено дека на регионалниот пат Скопје-Куманово, во атар на с.Арачиново, скопско, мотоцикл „кимко“, управуван од Б.С.(22) од с.Арачиново, излетал надвор од коловозот. Во несреќата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.

Во 20.35ч. во СВР Тетово е пријавено дека на ул.„Штипска“, едно лице кое било со возило „мерцедес“ пукало кон возило „бмв“ во кое било лицето со иницијали Р.Т.(39), кое од добиените повреди починало. Полициски службеници од СВР Тетово преземаат интензивни мерки и активности за расчистување на случајот.

На 05.07.2024 во 21.10 часот во Полициската станица Свети Николе, било пријавено дека на ул.„Септемвриска“ во Свети Николе се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел“, управувано од П.О.(23) и мотоцикл „шинера“, управуван од малолетничка, двајцата од Свети Николе, а двете возила со светиниколски регистарски ознаки. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, констатирани во Клиничка болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Свети Николе.

На 05.07.2024 во 15.00 часот во ОВР Кичево е пријавено дека Б.К.(36) од кичевското село Србица на улицата „Рудничка“ во Кичево бил каснат од куче скитник. ев/

ФОТО: МИА Архива 

 

 

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан