• понеделник, 23 декември 2024

МВР билтен

МВР билтен

Скопје, 18 август 2024 (МИА) - Во еден часот утрово, на битолската улица „Прохор Пчински“, полициски службеници го лишиле од слобода Д.Р., на 21-годишна возраст од Битола, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

По документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

Вчера во 14 часот на Средно Водно, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР - Скопје, го лишиле од слобода 39-годишниот Ж.А. од скопско Раштак, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

Вчера во 18.10 часот во скопско Глумово, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР - Скопје ги лишиле од слобода В.Н.(25) и Р.Н.(30), двајцата од главниот град на државава, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана.

По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

Денеска во 2.30 часот во Струмица, полициски службеници ги лишиле од слобода Ѓ.Т.(21) и С.З.(21), двајцата од село Ињево, радовишко, затоа што кај нив била пронајдена и одземена бела прашкаста материја.

По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

Вчера во 7.15 часот било пријавено дека на автопатот Тетово - Гостивар, во близина на клучка Камењане, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.Х., на возраст од 24 години од скопско Радишани и товарно возило „фиат“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Е.Х., 51-годишно лице од Гостивар.

Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобил 22-годишниот М.Т. од Радишани, сопатник во возилото „бмв“, констатирани во тетовската Клиничка болница. Увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР - Тетово.

Вчера во 18.10 часот во Полициската станица - Пробиштип било пријавено дека на регионалниот пат Р-1205, во близина на локалниот пат кон село Стрмош, пробиштипско, патничко возило „пежо“ со пробиштипски регистарски ознаки, управувано од М.Т., на возраст од 18 години од селото, излетало од коловозот.

Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобил возачот, додека сопатничката Л.Т. од Пробиштип се здобила со телесни повреди, констатирани во Клиничка болница - Штип. Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР - Пробиштип.

Вчера во 5.25 часот во Полициската станица - Прилеп било пријавено дека на булеварот „Гоце Делчев“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу мопед со прилепски регистарски ознаки, управуван од П.С., на возраст од 49 години од овој град и друг мотоцикл, кој по несреќата го напуштил местото.

Во несреќата, возачот на мопедот се здобил со тешки телесни повреди, додека неговиот 50-годишен сопатник М.Т. од прилепското село Мало Коњари, се здобил со телесни повреди, констатирани во прилепската Градска болница. Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР - Прилеп и се работи на расчистување на случајот.

Вчера во 12.30 часот во ОВР - Кочани, В.Ѓ., на возраст од 70 години од овој град, пријавил дека на улицата „Петровденска“ бил каснат од куче скитник.

Вчера во 10 часот во Полициската станица - Аеродром, 32-годишната М.П. од Скопје пријавила дека на пешачката патека покрај реката Вардар, била касната од куче скитник. бд/дма/

Фото: МИА архива

Остани поврзан