• среда, 25 декември 2024

МВР Билтен

МВР Билтен

Скопје, 1 октомври 2023 ( МИА) -  На 30.09.2023 во 21.10 часот на подрачјето на Центар, во Дебар Маало, полициски службеници од Полициската станица Центар ги лишиле од слобода Д.Т.(20) и малолетник двајцата од Скопје, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени таблетки и бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

На 30.09.2023 во 23.00 часот во Градскиот парк во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Центар го лишиле од слобода Х.М.(22) од Скопје, затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и дробилка. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.                                    

Денеска (01.10.2023) во 03.10 часот во угостителски објект во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода Ф.А.(25) од Дебар, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

На 30.09.2023 во 17.10 часот на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Полициската станица Гази Баба го лишиле од слобода Е.М.(31) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

На 30.09.2023 во 23.30 часот на Граничниот премин „Богородица“, на излез од државата, при извршени гранични проверки на Н.В.(43) од Скопје, било констатирано  дека во службената евиденција е со мерка „апси“, за издржување на казна затвор по судска наредба од Основен кривичен суд Скопје, а во врска со кривично дело „криумчарење“, по чл.278 од Кривичниот законик. Тој бил предаден на полициски службеници од СВР Струмица за понатамошна постапка.

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (30.09.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 157 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 34 санкции, шест мерки за возење без возачка дозвола, пет санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло, девет за возење под дејство на алкохол, три мерки за некористење на сигурносен појас, 18 санкционирани мотоциклисти...

На 30.09.2023 во 10.40 часот во СВР Скопје од Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди била донесена Ч.М.(67) од Прилеп. При извршен службен разговор со полициските службеници, таа појаснила дека со повредите се здобила на 29.09.2023, при пад во внатрешноста на  автобус, додека се превезувала како патник од Транспортен центар кон блискиот трговски центар. Од страна на полициските службеници службен разговор бил извршен и со возачот на автобусот.

На 30.09.2023 во 08.35 часот било пријавено дека во Тетово, на крстосницата од бул.„Благоја Тоска“ и ул.„Фуштанска“, патничко возило „ауди“ со тетовски регистарски ознаки, управувано Д.М.(47) од с.Мала Речица, удрило во велосипед, управуван од А.М.(73) од Тетово. Во несреќата велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Тетово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово.

На 30.09.2023 во 13.20 часот во Полициската станица Аеродром, Е.М.Л.(46) од Финска, пријавила дека на кеј на реката Вардар била касната од куче скитник.

На 30.09.2023 во 15.45 часот во Полициското одделение Шуто Оризари, Р.И.(24) од Скопје пријавил дека на ул.„Селечка Планина“ бил каснат од куче скитник. љм/аа/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан