• петок, 21 март 2025

МВР Билтен

МВР Билтен

Скопје, 20 март 2025 (МИА) - На 19.03.2025 година во 22.20 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода С.С.(23) и Н.П.(29) од Скопје затоа што во нивна близина била пронајдена бела прашкаста материја, додека кај едниот од нив на неговиот мобилен телефон имало остатоци од прашкаста материја.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 20.03.2025 година полициски службеници од ОВР Прилеп ја лишиле од слобода А.Д.(37) од Прилеп. Врз основа на Наредба од Основен суд Прилеп заради сомнение за сторено кривично дело по чл.215 од КЗ на РСМ извршен е претрес во домот на А.Д. при што биле пронајдени грутчеста материја, пневматски пиштол, дигитална вага  и банкноти во различни апоени.

По документирање на настанот против неа ќе следува соодветна пријава.

На 19.03.2025 година во 20.25 часот во СВР Скопје, 81-годишна жена од Скопје пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 300.000 денари. Според пријавеното, лицето ѝ се јавило телефонски, се претставило како полициски службеник и ѝ кажало дека нејзината ќерка предизвикала сообраќајна несреќа во која прегазила дете мигрант и доколку не сака таа да лежи во затвор требало да плати на неговото семејство, а потоа ќе ја ослободат.

Пријавителката подигнала пари од банка и ги оставила на договореното место, а откако се слушнала со нејзината ќерка сфатила дека била измамена. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 19.03.2025 година во 23.00 часот во СВР Скопје, 82-годишна жена од Скопје, пријавила дека била измамена од едно лице за сума од околу 700.000 денари. Според пријавеното, лицето ѝ се јавило телефонски, се претставило како службеник од странска амбасада и ѝ кажало дека нејзината ќерка во САД предизвикала сообраќајна несреќа во која прегазила дете мигрант и доколку не сака таа да лежи во затвор требало да плати.

Пријавителката подигнала пари од банка и ги оставила на договореното место, а откако се слушнала со нејзината ќерка сфатила дека била измамена. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 17.03.2025 година во 13.10 часот во СВР Скопје, 49-годишна жена пријавила дека околу 12.00 часот во семејниот дом во скопско село, била физички нападната од нејзиниот сопруг Р.Ш. кој употребил тврд предмет.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 19.03.2025 година во 19.50 часот во СВР Скопје, Р.С.(22) од Скопје пријавил дека околу 14.30 часот на подрачјето на Гази Баба бил физички нападнат од Ш.Р.(38) и Р.С.(34) двајцата од Скопје, коишто притоа употребиле и метален предмет.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Во СВР Скопје А.И.(27) од село Церово, Тетовско, денеска пријавил дека вчера околу 18.10 часот откако пристигнал во село Арнакија, Скопско, а по претходен договор за средба со женско лице со кое се допишувал преку социјални мрежи, бил физички нападнат од две лица кои му упатувале и закани со огнено оружје.

Потоа едниот од нив со тврд предмет (кундак од автоматска пушка) му го оштетил неговото патничко возило „фолксваген голф 5“ со тетовски регистарски ознаки. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 19.03.2025 година во 05.00 часот, полициски службеници од СВР Велес го привеле А.Р.(23)  од Велес, поради бегство од Казнено-поправна установа - Затвор Идризово.

А.Р. бил спроведен во установата за доиздржување на казната.

На 19.03.2025 година во 09.32 часот во СВР Штип било пријавено дека во КПУ Затвор-Штип било нападнато службено лице, кое што потоа дошло во просториите на СВР-Штип и пријавило кривично дело по чл.144 ст.4 од КЗ на РСМ.

Според пријавеното, истиот ден околу  9.00 часот, додека пријавителот бил на своето работно место во КПУ Затвор-Штип заедно со други затворски полицајци, откако на осуденик му издал наредба да го предаде мобилниот телефон, бил вербално нападнат од истиот со закани по неговиот живот и животот на неговото семејство.

Потоа со стаклена чаша осуденикот го удрил пријавителот во пределот на главата нанесувајќи му телесна повреда-посекотина. За настанот е запознат Јавен обвинител од ОЈО-Штип и се работи на расчистување на случајот.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.Т.(61) од Охрид, поранешен директор на ЈЗУ-Центар за јавно здравје-Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Злоупотреба на службена положба и овластување“.

Во 2023 и 2024 година тој презел службени дејствија ангажирајќи лица со договор за дело, без да обезбеди финансиска согласност од Министерството за финансии а на кои редовно им биле исплаќани приходи, со што ги пречекорил границите на своите службени овластувања.

СВР Струмица поднесе кривична пријава М.М.(47) од струмичко село поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство“ во обид, по член 123, во врска со член 19 од Кривичниот законик.

На 13.02.2025 во угостителски објект во с.Ново Село, пријавениот со остар предмет го нападнал Ѓ.Д. и му нанел повреди.

СВР Битола поднесе кривична пријава против И.Ѓ.(39) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „овозможување употреба на наркотични дроги“.

На 22.09.2023 во Битола, пријавениот на две лица од Битола им овозможил употреба на марихуана. 

СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.А.(21) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.

На 29.07.2023, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што биле пронајдени и одземени кокаин и марихуана.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против правeн субјект оd Тетово и М.М.(34) од Тетово, сопственик и управител на правниот субјект, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „повреда на права од индустриска сопственост и неовластено употреба на туѓа фирма“.

На 21.01.2025 била извршена контрола во правниот субјект и било констатирано дека во субјектот се врши продажба на трговски марки кои подлежат на заштита на трговска марка и не кореспондира со прописите за индустриска сопственост, а за кои не поседувал соодветна дозвола.

СВР Битола поднесе кривична пријава против Ќ.И.(27), Џ.М.(30) и С.И.(24), сите од Ресен, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „насилство“ и „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“.

На 02.02.2025 во Ресен, пријавените физички го нападнале А.А., при што третопријавениот се обидел да го нападне и со остар предмет, но бил спречен.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ј.Х.(54) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“ при семејно насилство.

На 17.01.2025 во домот, пријавениот физички ја нападнал неговата сопруга. хс/

Фото: МИА архива     

 

 

 

Остани поврзан