• вторник, 11 февруари 2025

МВР Билтен

МВР Билтен

Скопје, 9 февруари 2025 (МИА) - На 08.02.2025 во 08.00 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода Т.В.(49) од Сојузна Република Германија. При контрола во возилото „опел“ со германски национални ознаки, кое го управувал, биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, дробилка, шише исполнето со течност, пет ножеви, метална палка, 10 боци солзавец, електрошок, две радио врски и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело. Лицето било предадено во СВР Куманово за понатамошна постапка и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 08.02.2025 во 21.00 часот на локален пат с.Нераште, тетовско -  с.Радуша, скопско, полициски службеници од Полициското одделение Теарце го лишиле од слобода Н.А.(44) од с.Доброште, тетовско, затоа што кај него бил пронајден и одземен кокаин. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

На 08.02.2025 во 08.45 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица - ОВР Радовиш го лишиле од слобода Џ.Д.(36) од Радовиш. Тој се сомничи дека околу 02.00 часот се обидел да изврши тешка кражба во продажен објект во Радовиш. Тој бил задржан во Полициската станица Радовиш и од него биле одземени предмети поврзани со кривичното дело. За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш, а по негово документирање против Џ.Д. ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 08.02.2025 во 22.45 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Ф.И.(29) од Скопје  затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 08.02.2025 во 22.00 часот во Скопје, на подрачјето на Центар,  полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Г.М.(19) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 08.02.2025 во 21.40 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода А.А.(20) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 08.02.2025 во 20.15 часот во Скопје, на подрачјето на Чаир, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Б.З.(30) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 08.02.2025 во 16.20 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Ф.Л.(29) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 08.02.2025 во 21.10 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода малолетник  од населба Илинден, скопско, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 08.02.2025 во 13.30 часот во Скопје, на подрачјето на Ѓорче Петров, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Д.А.(32) од Скопје затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана, бела прашкаста и бела грутчеста материја. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 08.02.2025 во 17.00 часот на Граничен премин Деве Баир, полициски службеници го лишиле од слобода Е.Н.(30) од Република Албанија затоа што при пасошка контрола било констатирано дека во неговата патна исправа недостигаат неколку страници. Тој бил предаден на полициски службеници од ОВР Крива Паланка за понатамошна постапка.

На 08.02.2025 во 22.10 часот во Полициската станица Гази Баба, С.С.(40) од Скопје пријавил дека на ул.„Маџари“ во Скопје бил каснат од куче скитник.

На 08.02.2025 во 15.30 часот во Полициското одделение Сарај, Ф.Н.(35) од Скопје пријавил дека во с.Долно Свиларе, општина Сарај, неговиот малолетен син бил каснат од куче скитник. вг/

Фото: МИА Архива

Тагови

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан