• сабота, 23 ноември 2024

МВР билтен

МВР билтен

Скопје, 16 јануари 2024 (МИА) - На 15.01.2024 околу 19.40 часот во село Костурино, струмичко, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и гранични проверки Стар Дојран при Регионалниот центар за гранични работи Југ го лишиле од слобода И.М.(30) од село Градошорци, општина Василево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“. Имено, околу 19.30 часот на регионалниот пат P-1401, на место викано „Валандовско брдо“, полициски службеници дале знак за запирање на две патнички возила „бмв“, со битолски и со штипски регистарски ознаки, но, возилата не застанале, по што во село Костурино возилото „бмв“ со штипски регистарски ознаки, кое го управувал И.М., било запрено, а при преглед во него биле пронајдени седум лица мигранти од Сирија. За настанот бил известен јавен обвинител и по негово целосно расчистување и документирање, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Денеска (16.01.2024) во 08.00 часот во Тетово, полициските службеници од СВР Тетово го привеле Ф.Ј.(48) од Тетово. Тој бил баран со судска наредба за издржување на затворска казна. Лицето ќе биде предадено во Казнено - поправната установа „Затвор Тетово“ за издржување на затворската казна.

На 16.01.2024 во 02.40 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода О.И.(30) од Виница и Д.Д.(32) од Скопје. Тие се сомничат дека со употреба на сила, влегле во повеќе деловни објекти во Куманово и одзеле различни предмети. Лицата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе следуваат соодветни пријави.

На 15.01.2024 во 10.00 часот, полициски службеници од ОВР Дебар го привеле О.О.(30) од селото Голем Папрадник, општина Центар Жупа. Тој бил баран со наредба од Основниот суд во Дебар за издржување затворска казна. Лицето било спроведено во Казнено - поправната установа „Затвор Струга“ за издржување на казната.

На 15.01.2024 во 01.25 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода А.Т.(40) од Куманово. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени 15 куршуми, марихуана и масло од хашиш. А.Т. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.

На 15.01.2024 во 16.30 часот на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.Ш.(27) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

На 15.01.2024 во 14.10 часот на Граничниот премин „Меѓународен аеродром Скопје“, полициски службеници го привеле К.С.(23) од Непал, затоа што при пасошка контрола и проверка, било констатирано дека кипарската дозвола за престој, која ја дал на увид, била фалсификувана. По насока на јавен обвинител, тој бил пренесен во Прифатниот центар за странци во Скопје.  

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (15.01.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 124 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 13 санкции, шест мерки за возење без возачка дозвола, пет мерки за користење на мобилен телефон, шест санкции за минување на затворен сигнал - црвено светло...

На 15.01.2024 во 15.00 часот во Полициската станица Драчево, Т.С.(54) од Скопје пријавил дека на улицата „Иван Хаџи Николов“ во Скопје бил каснат од куче скитник.

На 15.01.2024  во 14.30 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, Г.Т.(68) од Скопје пријавил дека на улицата „Лука Геров“ во Скопје бил каснат од куче скитник.

На 15.01.2024 во 21.00 часот во Полициската станица Драчево, С.З.(31) од село Теово, општина Чашка, пријавил дека на улицата „Бранко Заревски“ во Скопје бил каснат од куче скитник. бд/

Фото: МИА

Остани поврзан