• четврток, 19 март 2026

Пронајдена дрога во Гостивар, лишени од слобода три лица

Пронајдена дрога во Гостивар, лишени од слобода три лица

Скопје, 19 март 2026 (МИА) - Полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при ОВР - Гостивар лишиле од слобода три лица во Гостивар по пронајдена дрога, соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи.

- Денеска во 00:10 часот кај наплатна рампа - Гостивар, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при ОВР - Гостивар ги лишија од слобода Е.Е. и Б.С., на возраст од 40 и 48 години, двајцата од Гостивар и Ќ.Р., 70-годишно лице од гостиварското село Врањовци. При преземање мерки, полициските службеници ги забележале лицата во патничко возило „фолксваген бора“ со гостиварски регистарски ознаки, при што Е.Е. исфрлил по едно пакување со грутчеста кафеава материја и со кафеава прашкаста материја, кои се пронајдени и одземени - се појаснува во соопштението на МВР.

Лицата биле задржани во полициска станица.

- Во координација со јавен обвинител, во текот на денот ќе им биде поднесена соодветна кривична пријава по брза постапка, додадоа од МВР. бд/дма/

Фото: Фејсбук-страница на Министерството за внатрешни работи

Остани поврзан