• четврток, 26 декември 2024

МВР Билтен

МВР Билтен

Скопје, 25 ноември 2024 (МИА) - Во Куманово вчера во 17.30 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода О.А.(45) од Куманово.

МВР денеска соопшти дека при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена кафеава прашкаста материја. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.

На 25.11.2024 во 04.00 часот кај с.Богородица, гевгелиско, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и гранични проверки Богородица го лишиле од слобода Т.Н.Ј. од Република Турција. При преглед во возилото „дачија дастер“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени 15 лица мигранти, од кои шест малолетници. Мигрантите биле сместени во прифатно - транзитен центар во Гевгелија, а лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена пријава.

На 24.11.2024 во 23.40 часот во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода го лишиле од слобода Н.Г.(38) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 24.11.2024 во 19.30 часот во с.Волково, скопско, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.С.(22) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 24.11.2024 во 21.50 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода О.Б.(19) и С.К.(18), двајцата од Скопје, затоа што кај нив биле пронајдени марихуана и нож. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

На 24.11.2024 во 13.30 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле од слобода двајца малолетници од Скопје, затоа што кај нив била пронајдена дробилка со марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

На 24.11.2024 во 12.40 часот во Скопје, на подрачјето на Чаир, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција  при СВР Скопје го привеле А.А.(24) од Скопје, затоа што кај него биле пронајдени и одземени гасен пиштол, рамка со 16 метални дијаболи и др. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 24.11.2024 во 12.00 часот  во с.Форино, гостиварско, полициски службеници од Полициското одделение Чегране го привеле Л.М.(25) од с.Форино, кој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување на затворска казна за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста во сообраќајот“. Тој бил предаден во Казнено – поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.

На 24.11.2024 во 21.50 часот на ул.„Столарска” во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода Ј.В.(29) од Битола, затоа што кај него била пронајдена марихуана. По документирање на настанот, против него ќе следува соодветен поднесок.

На 25.11.2024 во СВР Битола било пријавено дека во 09.00 часот во нива во с.Драгожани, битолско, од страна на пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување била подигната артилериска граната калибар 105 мм од Прва светска војна.

Денеска (25.11.2024) во 01.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на локалниот пат за Средно Водно, патничко возило „фолксваген поло“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.П.(22) од Скопје, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Денеска (25.11.2024) во 01.00 часот во Полициската станица Карпош, И.С.(18) од Штип пријавила дека на подрачјето на Карпош во Скопје била касната од куче скитник. цр/

Фото: МИА архива

Остани поврзан