• понеделник, 02 септември 2024

МВР Билтен

МВР Билтен

Скопје, 2 септември 2024 (МИА) - На 01.09.2024 во 17.30 часот на улица „Илинденска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода  К.К.(43) од Тетово поради сомнение дека извршил кривично дело „кражба“ во стан во Тетово, при што одзел пари  и повеќе предмети.

К.К. бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 01.09.2024 во 22.40 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Е.Б.(25) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 01.09.2024 во 20.45 часот во гостиварски Балиндол,  полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода М.К.(25) од Балиндол, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 01.09.2024 во 03.30 часот на Граничниот премин Долно Блаце, полициски службеници го лишиле од слобода Н.Б.(36) од Република Србија, затоа што при извршена гранична контрола било констатирано дека патничкото возило „фолксваген пасат“ со српски национални ознаки, кое тој го управувал, евидирало во оперативна евиденција по барање на Интерпол – Република Србија и било предмет на кривично дело.

Тој бил предаден на полициски службеници во Полициското одделение Мирковци за понатамошна постапка.

На 01.09.2024 во 18.11 часот во СВР Битола било пријавено дека кај полетувалиштето за параглајдери на место викано „Мечкин Камен“ во Крушево бил пронајден повреден параглајдеристот К.Ф.Б.(60) од Сојузна Република Германија.

Според пријавеното, околу 17.40 часот тој полетал од полетувалиштето, но поради силниот ветар изгубил контрола и паднал веднаш по полетувањето и се здобил со тешки телесни повреди. Од екипа на Итна медицинска помош тој пренесен до хелиодромот, кој се наоѓа во близина, по што со хеликоптер на МВР бил пренесен до приватна болница во Скопје. За настанот бил известен јавен обвинител.

На 01.09.2024 во 19.40 часот во ОВР Кавадарци било пријавено дека на регионалниот пат Р1103, на делницата Кавадарци – Дреново, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фиат“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од С.Н.(41) од Кавадарци и трактор „имт“ со кавадаречки регистарски ознаки, управуван од П.С.(32) од с.Возарци, кавадаречко.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на патничкото возило „фиат“, додека со телесни повреди се здобиле неговите сопатнички Г.Н.(64) и С.Н.(39), како и возачот на тракторот, констатирани во Општата болница во Кавадарци. По овластување на јавен обвинител, увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Кавадарци.    

На 01.09.2024 во 20.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Васил Чакаларов“  во Скопје, патничко возило „хјундаи“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Ѓ.(26), удрило во Е.С.(60), двете од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Е.С., констатирани во Градската општа болница „8 Септември“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.  

На 01.09.2024 во 14.00 часот во Полициската станица Центар, А.П.(20) од Скопје пријавила дека во Градскиот парк во Скопје била касната од куче скитник.

На 01.09.2024 во 20.00 часот во Полициската станица Аеродром, Н.Т.(37) од Крива Паланка пријавила дека на бул.„АСНОМ“ во Скопје, нејзиниот малолетен син бил каснат од куче скитник. сст/

 

 

Остани поврзан