• вторник, 13 мај 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

МВР Билтен

МВР Билтен

Скопје, 19 април 2025 (МИА) - Синоќа во 20:40 часот во ОВР Кичево e пријавено дека на магистралниот пат Кичево-Гостивар, кај место викано „Сеферов бунар“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од З.Д.(64) од Битола, патничко возило „форд“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од А.Р.(63) од село Горно Страгомиште, кичевско и патничко возило „опел“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од Х.Е.(38) од Гостивар. На местото на настанот починале возачите З.Д. и Х.Е., а сопатничката од патничкото возило „опел“ Б.Е.(38) од Гостивар, била пренесена во Медицинскиот центар Кичево, каде починала. Од страна на лекар констатирана била смрт, а по наредба на јавен обвинител телата на починатите се предадени за обдукција. Во несреќата со телесни повреди се здобиле возачот А.Р. и неговата сопатничка А.А.(67) од село Колари, кичевско, сопатникот од возилото „мерцедес“ Д.С.(37) од Кичево и сопатниците од патничкото возило „опел“- тројца малолетници од Гостивар и Р.Е.(60) од селото Шутово, кичевско, констатирани во медицински установи во Кичево и Скопје. На местото на несреќата увид извршија јавен обвинител, судски сообраќаен вештак и полициски екипи.

Синоќа во 21 часот во СВР Охрид, било пријавено дека на ул.„Кеј Македонија“ во Охрид, мотоцикл со охридски регистарски ознаки, управуван од 15-годишник од Охрид, удрил во двајца малолетни пешаци и во 18-годишната М.И. од Скопје, а потоа удрил во паркирано патничко возило „киа“ со охридски регистарски ознаки, по што го напуштил местото на настанот. По преземени мерки од страна на полициски службеници, 15-годишникот е пронајден. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила една малолетничка од Охрид, а со телесни повреди се здобиле другиот малолетник од Скопје, М.И., како и мотоциклистот, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид.

Вчера околу 12:50 часот во ОВР Дебар било пријавено дека на ул.„Иса Болетин“ во Дебар се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел астра“ со дебарски регистарски ознаки, управувано од С.Р.(38) од с.Горно Косоврасти, дебарско,  и мопед со дебарски регистарски ознаки, управуван од Д.Т.(19) од Дебар. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Јавната здравствена установа Дебар. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Дебар.

Денеска околу 04 часот во ОВР Гевгелија, било пријавено дека на регионален пат с.Миравци- с.Давидово, патничко возило „бмв“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од Т.П.(19) од с.Миравци, гевгелиско, излетало надвор од коловозот. На местото на настанот починал Т.П., а смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош Гевгелија. Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Гевгелија, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција.

Вчера на различни локации во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода Е.Ј.(25), Н.Е.И.(31), Р.М.(43) и Т.К.(34) сите од Скопје, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени марихуана, бела прашкаста материја и кафаеава грутчеста материја.  По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.

СВР Штип поднесе кривична пријава против И.С.(60) од Свети Николе поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење на јавен превоз без поседување на лиценца“.  На 28.03.2025 во Свети Николе, полициски службеници извршиле контрола над патничко возило, управувано од пријавениот, при што било констатирано дека врши превоз на патници без да поседува лиценца издадена од надлежен орган.  

СВР Тетово поднесе кривична пријава против К.И.(59) од с.Камењане, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 13.01.2025 во с.Камењане, по претходна расправија, пријавениот физички го нападнал А.К., при што употребил метален предмет.

Вчера во 11 часот полициски службеници од  Одделението за криминалистичка полиција при СВР Велес и Полициското одделение Чашка го лишиле од слобода С.П.(65) од село Согле, општина Чашка. При претрес во неговиот дом, по претходно издадена судска наредба, биле пронајдени и одземени пушка без дрвен кундак, цевка од карабин, цевка од револвер и затварач за ловен карабин. С.П. бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Во 17:30 часот полициски службеници од ОВР Кавадарци вчера го лишиле од слобода Н.И.(30) од Кавадарци. При претрес во неговиот дом, по претходно издадена судска наредба, биле пронајдени и одземени 91 семка од растителна материја и дигитална вага. Н.И. бил приведен во полициска станица и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

СВР Велес поднесе кривична пријава против А.К.(46) од Велес поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материјал“. На 20.12.2024, полициски службеници извршиле претрес во претрес во домот на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени пиротехнички средства. 

СВР Куманово поднесе кривична пријава против М.Д.(42) од с. Младо Нагоричане, општина Старо Нагоричане, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 09.02.2025 во неговиот дом, по претходна расправија, пријавениот физички го нападнал А.К. и неговиот татко Б.К., при што употребил дрвен предмет.             

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Х.М.(47) од с.Врапчиште, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“. На 09.03.2025 на Граничниот премин Табановце, за влез во државата, пријавениот приложил фалсификувана возачка дозвола.

Вчера во 13:30 часот полициски службеници од СВР Скопје во с.Ласкарци, скопско, ја пронаjдоа Љ.М.(44) од Скопје, за која нејзиниот сопруг А.М.(46) од Скопје пријави дека се оддалечила од домот.

Денеска во 09:30 часот во СВР Скопје Н.И.(61) од Скопје, пријавил дека на подрачјето на Бит Пазар со тврд предмет бил нападнат од М.Ф.(81) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

Денеска во 02:10 часот во СВР Скопје, И.Ј.(27) од Скопје пријавила дека околу 01.40 часот на подрачјето на Чаир, по претходна случена сообраќајна незгода, била физички нападната од 32-годишната М.К. од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Вчера во 14:50 часот во СВР Скопје, Л.Д.(35) од с.Радолишта, струшко, пријавила дека околу 08:40 часот на подрачјето на Центар, по претходно недоразбирање, била физички нападната од А.П.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Вчера во 19:45 часот во СВР Скопје, 39-годишна жена од Скопје, пријавила дека околу 19:30 часот во двор во семејната куќа на подрачјето на Шуто Оризари, била физички нападната од својот невенчан сопруг Ѓ.Б.(58) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Синоќа во 21:30 часот на Граничниот премин Табановце, на излез од државата, полициски службеници го лишиле од слобода М.Ј.(32) од Тетово, затоа што при извршена пасошка контрола и проверка било констатирано дека бил предмет на потрага по барање од Секторот за меѓународна полициска соработка-Одделение за потраги поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по член 235 од Кривичниот законик на РСМ. 

Синоќа во 21:30 часот полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица на раскрсница кај с.Моин, го лишиле од слобода Р.П.(33) од Гевгелија, затоа што при извршена контрола на патничко возило „опел корса“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од Р.П., била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Синоќа во 20:10 часот во ОВР Кочани И.Ф.(46) од Штип пријавил дека во с.Зрновци, кочанско, на фудбалски натпревар на кој бил судија, најпрвин вербално, а потоа и физички бил нападнат од С.П. од Струмица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Вчера во 13 часот во ОВР Кочани било пријавено дека во с.Мородвис, кочанско, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир, со физичка пресметка помеѓу Л.П.(56) и Т.С.(74), двете од с.Мородвис, при што Т.С. употребила тврд предмет. По целосно расчистување на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Вчера околу 15:30 часот во ОВР Свети Николе Б.М.(29) пријавил дека во градскиот парк во Свети Николе бил физички нападнат од С.Т.(41), двајцата од Свети Николе. По целосно расчистување на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Синоќа во 21:05 часот во Скопје, на подрачјето на Шуто Оризари, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода И.Б.(34) од Р.Албанија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“ во обид по член 236 во врска со член 19 од Кривичниот законик. Имено, околу 20.40 часот пријавениот влегол во куќа во Скопје, но откако бил затекнат од сопственикот, избегал. Подоцна бил пронајден од полициски службеници и задржан во полициска станица, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава по брза постапка. фф/

Фото: МИА Архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан