• четврток, 07 ноември 2024

МВР Билтен (ДПЛ)

МВР Билтен (ДПЛ)

Скопје, 6 ноември 2024 (МИА) - На 06.11.2024 околу 06.30 часот на брегот на Охридското езеро во близина на Охрид, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Охридско езеро ги лишиле од слобода З.В.(62) и М.П.(43), двајцата од Охрид. Претходно, тие биле забележани како пловат со кајче во водите на езерото, а откако го извлекле кајчето од езерото од него извадиле три пластични корита со мрежи и риба со тежина од околу 14 килограми. Притоа, тие се обиделе да побегнат на полициските службеници, но набргу биле фатени и приведени во полициска станица. Уловот, кајчето и мрежите биле одземени и за настанот бил известен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.  

На 05.11.2024 во 21.00 часот на регионалниот па Прилеп – Градско, полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишиле од слобода К.К.(24), С.Т.(21) и Е.Т.(34), сите од с.Ваташа, кавадаречко, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на настанот против него ќе следува соодветна пријава.

ОВР Струга поднесе кривична пријава против Н.О.(51) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправна градба“. На катарстарска парцела во струшкото село Мислешево, пријавениот без соодветна документација и спротивно на Законот за градење, изградил доградба на објект за домување. Од извршениот инспекциски надзор извршен од страна на градежна инспекција при општина Струга донесено е решение со кое на инвеститорот му се наредува да ги  отстрани утврдените неправилности.

ОВР Струга поднесе кривична пријава против Е.М.(20) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. При контрола на патничко возило „фолксваген поло“ со струшки регистарски ознаки, со кое се превезувал, полициските службеници кај него пронајдоа и одзедоа мeтамфетамин.

На 05.11.2024 во 13.15 часот, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода А.Л.(31) од с.Арачиново, скопско, постапувајќи по претходна пријава дека на 04.11.2024 околу 10.00 часот се заканувал на А.Х.(47) од истото село и неговото семејство. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 05.11.2024 во 12.00 часот во СВР Скопје, Ф.А.(49) од с.Арачиново, скопско, пријавила дека на 01.11.2024 околу 15.15 часот на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
На 05.11.2024 во 13.05 часот во СВР Скопје било пријавено дека на 01.11.2024 околу 19.30 часот во казино на подрачјето на Центар во Скопје, Г.Г.(77) од Скопје бил физички нападнат од вработени во обезбедување во казиното. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе следува соодветен поднесок.

На 05.11.2024 во 16.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Центар, во автобус на приватен автопревозник од Гостивар, по претходно недоразбирање бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Ш.Н.(50) и С.Ѓ.(44), двајцата од Гостивар. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 05.11.2024 во 19.49 часот во СВР Скопје, М.Л.(23) од Скопје пријавил дека на подрачјето на општина Аеродром бил физички нападнат од С.Н.(27) од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 05.11.2024 во 22.00 часот во СВР Скопје, С.М.(22) од с.Трубарево, скопско, пријавил дека на подрачјето на општина Аеродром бил физички нападнат од две лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 05.11.2024 во 20.00 часот во СВР Скопје, 27-годишна жена од скопско село пријавила  дека околу 18.20 часот во селото била физички нападната од нејзиниот поранешен партнер З.Н.(39) од Велес. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 05.11.2024 во 23.15 часот во СВР Скопје, 40–годишна жена од Скопје пријавила дека околу 14.30 часот во семејниот дом на подрачјето на Бит Пазар била физички нападната од нејзиниот сопруг И.А.(50) од Скопје, кој и се заканил и со огнено оружје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 05.11.2024 во 14.00 часот во Полициската канцеларија Пехчево, С.М.(46) од село Робово, пехчевско, пријавила дека на 03.11.2024 околу 01.00 часот во и пред угостителски објект во Пехчево, нејзиниот малолетен син и негови двајца другари биле физички нападнати од А.М. од Пехчево, кој употребил и стаклен предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 05.11.2024 во Полициската станица Пробиштип бил извршен службен разговор со 67-годишен маж од Пробиштип, кој на 02.11.2024 околу 07.10 часот пријавил дека во семејниот дом во Пробиштип бил физички нападнат од неговиот син Љ.М.(39), кој употребил и тврд предмет. По целосно расчистување и документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

СВР Струмица поднесе кривична пријава против Д.К.(46) од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. Полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени марихуана и стебло од растението канабис.

СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.Б.(51) и Н.Н.(50), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“. На 17.08.2024, првопријавениот, по насоки на второпријавениот, во дворот на викенд куќа запалил шпорет со дрвја и отпадни гранки, при што неколку жарчиња излегле и предизвикале пожар на дрвја и трева.

СВР Струмица поднесе кривична пријава против правен субјект од Струмица и Ј.В.(64) од Струмица, управител во правниот субјект, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „даночно затајување“. Пријавеното правно лице, како даночен обврзник и второпријавената како управител, во текот на 2020 не платиле данок на додадена вредност во вкупен износ од 446.666 денари и данок на личен доход во вкупен износ од 325.336 денари, со што го оштетиле Буџетот на Република Северна Македонија со вкупен износ од 772.002 денари.

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Л.Т.(60) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „примање поткуп“. Пријавената, овластен градежен инспектор во општина Куманово, на 01.11.2024 во угостителски објект во Куманово била затекната како прима поткуп. Имено, на 25.09.2024 граѓанин во СВР Куманово пријавил дека овластениот градежен инспектор Л.Т. при општина Куманово, која вршела контрола на објект во изградба кој оштетениот го градел и на кој пријавената при контрола на записник констатирала отстапување од одобрението за градење, а за да не му издаде решение за запирање со градење и да не му поднесе соодветна пријава до надлежно ОЈО или суд му побарала поткуп најпрво сума од 1500 евра, за да на 31.10.2024 ја покачи сумата за поткуп на 4000 евра.

СВР Куманово поднесе кривична пријава против А.М.(27) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „узурпација на недвижности“ и „бесправно градење“. На 02.06.2024 на ул.„Гоце Делчев“ во Кратово, пријавениот поставил лимена гаража без да обезбеди одобрение за градба издадена од надлежен орган.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Е.К.(47) од Гостивар, две градежни фирми од Гостивар, И.М. (44) од с.Требиште, управител на едната фирма и С.Л.(44) од Гостивар, управител на другото правно лице, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“. Во март 2024 година, на ул.„Мара Угриноска“ во Гостивар, на парцела сопственост на Е.К., пријавените започнале изградба на објект без да поседуваат одобрение за градба. Првопријавениот ги ополномоштил пријавените И.М. и С.Л. во негово име и во негово отсуство да поднесат барање за добивање на одобрение за градење на станбена зграда, но тие без да се стекнат со одобрение за градење во текот на март започнале со градба на зградата.бт/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан