• петок, 26 јули 2024

МВР Билтен (ДПЛ)

МВР Билтен (ДПЛ)

Скопје, 18 јули 2024 (МИА) - СВР Скопје поднесе три кривични пријави против М.С.(20) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторени три кривични дела „предизвикување на општа опасност“, против Д.Т.(35) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено едно кривично дело „поттикнување“ и две кривични дела „помагање“ и против Б.Д.(37) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторени три кривични дела „соизвршителство“, во врска со кривичните дела „предизвикување на општа опасност“. На 29.11.2023 во Скопје, пријавените истуриле бензин на паркирано патничко возило „алфа ромео“, а додека возилото горело снимале со мобилен телефон. На 13.11.2023 во Скопје, второпријавениот му дал пиштол „застава“ калибар 9 мм на првопријавениот, со кој испукал пет куршуми кон влезната врата од станот на И.О.. Истото го повториле и на 28.11.2023 на бул. „АСНОМ“ во Скопје, кога второпријавениот му го дал пиштолот „Застава“ калибар 9 мм на првопријавениот, од кој испукал неколку куршуми кон паркирано патничко возило „форд“ сопственост на Б.К., оштетувајќи го возилото. 

Денеска (18.07.2024) во 10.10 часот во СВР Струмица било пријавено дека во Дојран машко лице од чамец скокнало во езерото, пливало неколку метри, по што се удавило. Утврдено е дека станува збор за Д.М.(43) од скопско. Полициски службеници од ОВР Гевгелија се на местото на настанот. Запознаен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Велес, а повикани се нуркачки екипи за пронаоѓање на лицето. 

СВР Битола поднесе кривична пријава против Х.З.(22) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“. Пријавениот, во декември 2023 година, од авто плац во Куманово изнајмил патничко возило, по што го фалсификувал нотарскиот печат на фалсификат купопродажен договор, го одјавил возилото, му ставил нови регистарски ознаки, а потоа го продал на друго лице. 

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Џ.Ш.(52) од Кичево и Л.А.(33) од кичевското село Грешница, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 17.06.2024 на улицата „Борис Кидрич“ во Кичево, пријавените физички го нападнале Б.М. од Кичево, при што Џ.Ш. му нанел повреди со нож. Веднаш по нападот, тие беа лишени од слобода.   

На 17/18.07.2024 во периодот од 23.30 до 05.00 часот, полициски службеници од СВР Тетово извршиле контрола во ноќен клуб во тетовско Горно Седларце, каде управител е А.И.(27) од Горно Седларце. При контролата во објектот биле затекнати 32 странски државјанки на возраст од 20 до 40 години од Русија, Молдавија, Украина, Косово, Албанија, Словенија и Казахстан кои го злоупотребиле престојот, односно престојувале во државата спротивно на целта. Тие се приведени и задржани во полициска станица за понатамошна постапка. 

СВР Струмица поднесе кривична пријава против Ѓ.Н.(56) и М.С.(39), двајцата од Берово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба“. На 16.04.2024 на место викано „Караматлија“, полициски службеници забележале трактор натоварен со дрва, а на местото на настанот биле затекнати пријавените кои со моторна пила вршеле сеча. Од Шумската полиција било констатирано дека била извршена сеча на девет метри кубни дрвна маса, со што пријавените причиниле материјална штета од 270.000 денари. 

На 18.07.2024 во 08.40 часот во СВР Тетово било пријавено дека на магистрален пат Стража – Гостивар, патничко возило „спарк“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Л.А.(74) од Скопје, излетало од коловозот. Од здобиените повреди, Л.А. починала на местото. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а увид на местото на несреќата извршиле екипа од ОВР Гостивар и јавен обвинител, по чија наредба телото на починатата било дадено на обдукција.   

На 17.07.2024 во 12.30 часот на улица ,,Маршал Тито“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово, поради непријавен престој во нашата земја, го привеле М.Г.(48) од Република Албанија. Тој е задржан во полициска станица за понатамошна постапка. 

СВР Битола поднесе кривична пријава против М.Г.(36) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 31.05.2023 пред казино во Прилеп, полициски службеници извршиле преглед над едно лице, при што пронашле и одзеле кокаин, кој претходно го набавил од пријавениот. 

На 17.07.2024 во 15.30 часот  во СВР Тетово, од Клиничка болница Тетово било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен И.И.(28) од тетовско Ѓермо. Според пријавеното, тој се здобил со повредите при извршување градежни работи во куќата на А.Ф.(28) во Тетово. Увид на местото извршиле екипа од СВР Тетово и трудова инспекција. 

ОВР Кавадарци до Основно јавно обвинителство Кавадарци поднесе кривична пријава против А.Х.(33) од Кавадарци, поради постоење на основи за сомнение за сторено кривично дело „полов напад и силување“, казниво по член 186 став 1 од Кривичниот законик. На 09.06.2024 во хотел во Кавадарци, А.Х. физички нападнал и извршил обљуба врз 26-годишна жена од Кавадарци со која бил во врска. На 02.07.2024 тој е лишен од слобода и по документирање на случајот му е поднесена пријавата. 

На 17.07.2024 во 12.00 часот во СВР Тетово бил задржан Б.И.(30) од Тетово, кој бил пријавен дека претходниот ден го одзел дневниот промет од спортска обложувалница каде што работел. По целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок. 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Ресен поднесе кривична пријава против Д.К.(32) од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“ во врска со семејно насилство. На 01.07.2024, пријавената во семејниот дом со нож упатила закани на нејзините баба и дедо. 

На 17.07.2024 во 14.20 часот во СВР Скопје, 48-годишна жена од скопско село пријавила дека во семејниот дом била физички нападната од нејзиниот сопруг Д.Ј.(59), кој употребил и тврд предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

СВР Штип поднесе кривична пријава против Б.Р.(54), М.Р.(37) и Н.Р.(33) сите од Радовиш, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 12.05.2024 на место викано „Св.Недела“, по претходно нерасчистени меѓучовечки односи, пријавените физички го нападнале М.У..  

На 17.07.2024 во периодот од 11.00 часот до 15.00 часот, полициски службеници од СВР Тетово и Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово спровеле акциска контрола за санкционирање на возачите кои вршат јавен превоз на патници без поседување на соодветна лиценца. При контролата биле откриени и санкционирани 4 возила (ТЕ-2 и ГВ-2) кои вршеле јавен превоз на патници без да поседуваат соодветна документација, 2 возила во Гостивар кои немале извршено вонреден технички преглед, 1 технички неисправно возило (ГВ), како и 16 (ТЕ-8 и ГВ-8) други видови прекршоци.   

СВР Битола поднесе кривична пријава против Б.Б.(39), Х.З.(31) и И.Б.(40), сите од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 17.03.2024 во Прилеп, по претходна расправија, пријавените во два наврати на две локации физички го нападнале Т.Д. и му нанеле повреди. 

На 17.07.2024 во 13.00 часот во СВР Скопје, А.А.(36) од Скопје пријавил дека на 15.07.2024 околу 18.00 часот на подрачјето на Гази Баба бил физички нападнат од З.А.(39) од с.Сингелиќ, скопско. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

СВР Скопје поднесе кривична пријава против И.И.(29) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 25.02.2024 во Скопје, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што пронашле и одзеле хероин. 

На 17.07.2024 во 18.00 часот во СВР Скопје, А.Б.(47) пријавил дека на 16.07.2024 околу 01.00 часот на кеј река Вардар на подрачјето на општина Аеродром бил физички нападнат од Р.Н.(женско лице), двајцата од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

СВР Скопје поднесе кривична пријава против И.К.(32) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 12.02.2024, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана. 

На 17.07.2024 во 08.40 часот во Полициската станица Свети Николе, С.С.(49) од с.Каратманово, општина Лозово, пријавил дека околу 06.45 часот во дворот од неговата куќа бил опожарен гулабарник со гулаби, при што биле зафатени сушара за тутун и земјоделски култури. Од екипа на Територијалната противпожарна едница Свети Николе пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Увид извршила екипа од ОВР Свети Николе и се преземаат мерки за расчистување на случајот.  

СВР Скопје поднесе кривична пријава против З.М.(47) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 08.01.2024, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што пронашле ловечка пушка и 44 ловечки патрони со калибар 12 мм, кои неовластено ги поседувал. 

На 17.07.2024 околу 09.20 часот во СВР Штип било пријавено дека на ул.„Анте Банина“ во Штип настанал пожар во стан сопственост на Д.М.(32) од Штип. Од екипа на Територијалната противпожарна единица Штип пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Увид бил извршен.                                

СВР Штип поднесе кривична пријава против С.Н.(38) од Свети Николе, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 14.11.2023, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што бил пронајден и одземен хероин.  

На 17.07.2024 во 08.05 часот во Полициската станица Берово, Ј.М. од с.Русиново, беровско, пријавил дека на место викано „Суви Лаки“, атар на Берово, бил нападнат со тврд предмет од Х.Н. од Струмица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Б.М.(26) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 14.08.2023 во Скопје, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана. 

На 17.07.2024 во 10.05 часот во СВР Скопје, од Казнено – поправната установа Затвор Идризово било пријавено дека осуденикот Г.А.(41) ја прескокнал заштитната ограда и се обидел да побегне, но набргу бил фатен од службеници на затворската полиција и бил вратен во установата. Притоа, еден од службениците од службениот пиштол испукал еден предупредувачки кушрум во воздух. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

СВР Скопје поднесе кривична пријава против В.В.(36) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 24.12.2023 во Скопје, пријавениот бил забележан како врши продажба на пиротехнички средства без да поседува одобрение, по што кај него биле пронајдени и одземени 2.632 парчиња пиротехнички средства со различна големина и марка.

На 17.07.2024 во 20.45 часот во СВР Скопје, од Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје било пријавено дека кај нив со изгореници била донесена М.П.(58) од Скопје, која се здобила со повреди околу 19.15 часот. Според пријавеното, додека поминувала покрај шахта со подземни кабли на ЕВН на тротоарот на бул.„Крсте Мисирков“, во шахтата настанала експлозија, при што се здобила со повредите. По извршениот увид од полициски службеници, било констатирано дека експлозијата настанала како последица од нелегално приклучување на електричната мрежа на ЕВН. 

СВР Скопје поднесе кривична пријава против четири малолетници од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“. На 06.05.2024 во катна гаража во Скопје, пријавените со закана со нож одзеле пари од двајца други малолетници. 

На 17.07.2024 во 12.42 часот во Полициската станица Кочани, В.Б. од Кочани пријавил дека во неговата куќа во Кочани, едно лице влегло и одзело предмети и со употреба на сила го одзело личниот накит на неговата мајка М.Б.(86). Се преземаат мерки за расчистување на случајот.   

На 17.07.2024 во 21.00 часот, А.А.(51) од Кичево во полициска станица пријавила дека на улицата „11 Септември“ во Кичево била касната од куче скитник. 

СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.А.(39) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 09.06.2024 во Казнено - поправната установа Затвор Идризово, затворската полиција извршила претрес на пријавената, при што била пронајдена и одземена марихуана. 

СВР Битола поднесе кривична пријава против А.С.(32) од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со огнено оружје или експлозивни материи“. На 13.01.2024, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени пиротехнички средства. 

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Ф.З.(30) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 21.11.2023 во Скопје, откако ги забележал полициските службеници, пријавениот фрлил пиштол „Црвена застава“ со девет куршуми со калибар 7,62x25 мм., кој бил пронајден и одземен. 

СВР Скопје поднесе кривична пријава против М.К.(32) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 28.01.2024 во Скопје, полициски службеници извршиле преглед во патничко возило кое го управувал пријавениот, при што кај него бил пронајден и одземен пиштол калибар 9 мм и девет куршуми. 

СВР Куманово поднесе кривична пријава против М.А.(23) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“. Пријавената, од раѓањето на нејзиното дете на 12.12.2023 ја запоставила својата родителска должност, со денови го оставала нејзиниот неколкумесечен син без родителска грижа, одбила болничко лекување и го довела во состојба на неухранетост. 

СВР Битола поднесе кривична пријава против Ј.Т.(30) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад на службено лице при вршење работа на безбедноста“. На 15.07.2024 во Битола, пријавениот физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија. нд/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан