МВР Билтен ДПЛ
- Лекар од приватна ординација денеска во 09:15 часот во ОВР Крива Паланка пријавил дека на 05.12.2024 кај него била донесена малолетничка со повреди. Според пријавеното, малолетничката се здобила со повредите во основно училиште во општина Ранковце, при игра со соученици. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Скопје, 6 декември 2024 (МИА) - Лекар од приватна ординација денеска во 09:15 часот во ОВР Крива Паланка пријавил дека на 05.12.2024 кај него била донесена малолетничка со повреди. Според пријавеното, малолетничката се здобила со повредите во основно училиште во општина Ранковце, при игра со соученици. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 05.12.2024 во 21.15 часот, полициски службеници од СВР Куманово лишиле од слобода пет малолетници од Куманово. Тие се сомничат дека на 02.12.2024 на булевар „Трета македонска ударна бригада“ во Куманово физички нападнале неколку други малолетници. По целосно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
На 05.12.2024 во 15.52 часот во СВР Куманово, од Итна медицинска помош било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен С.Ј.(59) од Куманово. Според пријавеното, тој се здобил со повредите при извршување на работни задачи во фабрика на автопатот Е75. Увид извршила екипа од СВР Куманово, а бил известен јавен обвинител.
На 04.12.2024 во 22.10 часот во ОВР Кавадарци, од болницата во Кавадарци било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен И.С.(41) од Кавадарци. Според пријавеното, тој се здобил со повредите при извршување на работни задачи во фирма во Кавадарци. Увид бил извршен од увидна екипа од ОВР Кавадарци.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против М.А. (58) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“. На катастарска парцела во Охрид, тој неовластено и без соодветно одобрение за градба, издадено од надлежен државен орган, изградил монтажен објект, што било констатирано при инспекциски надзор од овластени лица од Одделението за инспекциски надзор во општина Охрид.
ОВР Струга поднесе кривична пријава против Л.А.(41) и Л.А.(36), двајцата од струшкото село Радолишта, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“. На локација во Струга, без соодветна документација и спротивно на Законот за градење, пријавените започнале со градба на објект за домување со деловни простории. Од извршениот инспекциски надзор извршен од градежна инспекција при општина Струга, донесено е решение со кое на инвеститорот му се наредува да прекине со градењето на објектот и во даден рок да се изврши усогласување на градбата со Законот за градење.
На 05.12.2024 во 19 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Кисела Вода, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу И.А.(44) и О.А.(45), двајцата од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Денеска (06.12.2024) во СВР Скопје, Б.Б.(61) од Скопје пријавил дека на 05.12.2024 околу 19.30 часот на подрачјето на Центар бил физички нападнат од А.А.(44) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 05.12.2024 во 15 часот во СВР Скопје било пријавено дека во куќа на подрачјето на Центар бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Ј.И.(40) од Тетово и В.Т.(58) од Скопје, при што биле употребени и тврди предмети. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 05.12.2024 во 17.00 часот во СВР Скопје, Б.Л.(18) од Скопје пријавил дека околу 13.30 часот во близина на средно училиште на подрачјето на општина Аеродром, тој и неговата другарка биле физички нападнати од три лица, при што едно од нив вперило пиштол кон него. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 05.12.2024 во 13.00 часот во СВР Скопје, И.Ј.(52) од Скопје пријавил дека на 04.12.2024 околу 22.10 часот на автобуска постојка во село Волково, скопско, неговиот малолетен син и негов другар биле физички нападнати од неколку лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Денеска (06.12.2024) во 01.20 часот во СВР Скопје, Х.Р.(64) од Скопје пријавила дека на 05.12.2024 во 23.00 часот на подрачјето на Чаир, Е.„Н“ од с.Арачиново, скопско, по претходно нерасчистени должничко-доверителски односи, упатувал закани кон неа и нејзиниот син. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 05.12.2024 во 15.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека вечерта на 25/26.11.2024 во Здравствена установа на подрачјето на Карпош, А.М.(41) од Скопје, кој се лекувал во установата, бил физички нападнат од неколку лица, кои, исто така, се лекувале во установата. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 06.12.2024 во 03.40 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на улица „Октомвриска“ во Прилеп било опожарено патничко возило „мазда“ со прилепски регистарски ознаки, сопственост на Б.T.(32) од Прилеп. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Прилеп, а повредени лица нема. Увид бил извршен.
На 05.12.2024 во 21.15 часот во СВР Скопје, М.А.(76) од Скопје пријавила дека од домот се оддалечил нејзиниот сопруг Љ.А.(77), кој имал здравствени проблеми. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Денеска (06.12.2024) во 00.05 часот на Граничниот премин Табановце, при излез од државата, З.И.(57) од Република Србија, пријавил дека при чекање за излез во колона, во товарното возило со српски национални ознаки, кое го управувал, слушнал тропање во пределот на приколката. Полициски службеници извршиле преглед на возилото, при што биле пронајдени седум лица-мигранти, од кои тројца од Мароко, двајца од Тунис и двајца од Сирија. Запознаен бил Јавен обвинител и по негова насока возачот е ослободен, а мигрантите биле сместени во Транзитен центар Табановце.
На 06.12.2024 во 10.45 часот во СВР Охрид е пријавено дека на магистралниот пат Охрид-Кичево, во близина на селото Ново село, општина Дебрца, излетало од патот патничко моторно возило „сеат алтеа“, сопственост на Министерството за внатрешни работи, управувано од Ј.Л.(37), во кое сопатници биле И.Б. и Б.М, сите полициски службеници. По укажаната помош на местото на настанот од екипа од Итната медицинска помош, тие се пренесени во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. По наредба на Јавен обвинител, увид на местото на несреќата извршија полициски службеници од Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Охрид.
На 05.12.2024 во 17.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека во продажен објект на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, едно лице со закана кон вработените го одзел дневниот промет. Се преземат мерки за расчистување на случајот.
На 05.12.2024 во 15.45 часот во СВР Скопје, М.Р.(20) од Скопје пријавила дека околу 14.50 часот во автобус на ЈСП на подрачјето на Бутел, едно лице ѝ го одзело паричникот со пари и лични документи. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 05.12.2024 во 16.00 часот во СВР Велес, К.Д.(18) од Велес пријавил дека на улица „Благој Ѓорев“ во Велес бил каснат од куче скитник.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против малолетник од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство врз дете“. На 19.11.2024 во Кочани, по претходна расправија, пријавениот физички нападнал друг малолетник, при што употребил и тврд предмет.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против А.М.(25) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 15.12.2023 во Кочани, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило „бмв“, управувано од пријавениот, при што бил пронајден и одземен кокаин.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Р.К. од с.Доброште, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „спречување службено лице во вршење службено дејствие“. На 27.08.2024 во с.Доброште, пријавениот физички нападнал медицинско лице кое извршувало работни задачи.
Регионалниот центар за гранични работи Исток поднесе кривична пријава против Ј.Ч.(52) од Република Турција поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“. На 01.12.2024 на Граничниот премин Деве Баир, за влез во државата, пријавениот приложил фалсификувана меѓународна зелена карта за осигурување од автоодговорност за патничкото возило „пежо“ кое го управувал.
Регионалниот центар за гранични работи Исток поднесе кривична пријава против С.Ч.(65) од Република Турција поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“. На 03.12.2024 на Граничниот премин Деве Баир, за влез во државата, пријавениот приложил фалсификувана меѓународна зелена карта за осигурување од автоодговорност за товарното возило „форд“ кое го управувал.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против К.С.(63) од село Групчин, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „пиратерија на аудиовизуелно дело“. На 02.10.2024, полициски службеници извршиле претрес во објект кај пријавениот во Тетово, при што биле пронајдени и одземени 198 цд-а кои неовластено и без одобрение на авторот ги репродуцирал, односно ги пуштал во промет и ги ставал на располагање во јавноста.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Б.Ш.(37) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „узурпација на недвижности“ и „бесправно градење“. Во текот на 2024 година, пријавениот изградил недвижен објект - куќа без да поседува одобрение за градба издадено од надлежен орган.ар/
Фото:МИА архива