• петок, 26 јули 2024

МВР Билтен (ДПЛ)

МВР Билтен (ДПЛ)

Скопје, 17 јули 2024 (МИА) - На 16.07.2024 околу 22.00 часот, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Сопот при Регионалниот центар за гранични работи Север ги лишиле од слобода Е.Б.(29) и Е.И.(25), двајцата од Куманово.

Тие биле затекнати со уште едно лице при извршување „тешка кражба“ во објект на поранешна, сега напуштена свињарска фарма во с.Речица, Кумановско, каде што со алат демонтирале два големи мотори. Од лицата бил одземен алатот со кој го извршиле делото, а увид на местото извршила екипа од СВР Куманово. По целосно расчистување и документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 16.07.2024 во периодот од 10.00 до 13.00 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар во соработка со Центарот за социјални работи Гостивар постапиле по претходно изготвен план и презеле мерки и активности за спречување на питачење на подрачјето што го покрива ОВР Гостивар.

Притоа, на улица „Борче Јованоски“ била затекната З.У.(35) од гостиварски Балиндол како питачи, на улица „Илинденска“ била затекната Б.Т.(46) од Гостивар и на улица „Седек Костоски“ била затекната Д.Т.(48) од Гостивар како питачи.

На лицата им биле изготвени соодветни поднесоци и биле предадени на службеници од Центарот за социјални работи Гостивар за понатамошна постапка.

На 16.07.2024, полициски службеници од ОВР Македонски Брод при СВР Битола извршија спровод до Основното јавно обвинителство Кичево на Д.Д.(21) од с.Суводол, општина Македонски Брод, кој претходно беше лишен од слобода поради основано сомнение за извршено кривично дело „убиство” по член 123 став 1 од Кривичиот законик.

На лицето му е определена мерка притвор во траење од 30 дена и ќе ја издржува во Казнено-поправната установа Затвор Битола.

Вчера (16.07.2024) во периодот од 08.00 до 13.00 часот на подрачјето на СВР Тетово спроведена е акциска контрола на пешаците и нивното однесување во сообраќајот.

При контролата биле откриени и санкционирани 20 пешаци (ТЕ-16 и ГВ-4). Најголемиот број од пешаците 16 (ТЕ-12 и ГВ-4) ги преминувале улиците надвор од обележани премини, а четворица пешаци (ТЕ) не ја почитувале светлосната сообраќајна сигнализација.

На сите прекршители изготвени им се поднесоци, како и покани за присуство на т.н. сообраќајни поуки. Во акцијата, исто така, санкционирани се и четири (ТЕ-3 и ГВ-1) други видови сообраќајни прекршоци.

СВР Скопје поднесе кривична пријава против С.М.(43) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.

На 14.01.2024, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што пронашле и одзеле кокаин.

На 16.07.2024 во 10.20 часот во СВР Штип, 61-годишна жена од Штип пријавила дека околу 01.00 часот во семејната куќа во Штип, по претходна расправија, нејзиниот внук А.Ј.(23) од Штип агресивно се однесувал кон неа и со закана со остар предмет ѝ барал пари и накит.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Денеска (17.07.2024) во 01.10 часот во СВР Скопје, Д.К.(29) од Скопје пријавил дека на 16.07.2024 околу 22.30 часот на паркинг пред угостителски објект на подрачјето на Карпош, каде бил вработен, бил физички нападнат од неговиот колега З.Ј..

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Пробиштип поднесе кривична пријава против А.В.(33) од Пробиштип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.

На 23.02.2024, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, во период кога како осуденик во Казнено-поправната установа Затвор Штип користел годишен одмор, при што биле пронајдени семки од растението канабис и предмети со остатоци од кокаин.

На 16.07.2024 во 18.50 часот во СВР Скопје, К.А.(39) од Скопје пријавила дека во ходник во зграда на подрачјето на Ѓорче Петров, по претходна расправија, нејзиниот син К.А.(20) бил физички нападнат од С.О.(30) од Скопје.

Исто така, С.О.(50) од Скопје пријавил дека К.А. физички го нападнала неговиот син С.О.. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.  

На 16.07.2024 во 22.30 часот во СВР Скопје, Д.Р.(31) од Скопје пријавил дека околу 19.30 часот во куќа на подрачјето на општина Аеродром бил физички нападнат од Е.А.(24) од Скопје.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

СВР Куманово поднесе кривична пријава против С.Л.(43) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.

Пријавената, нотар за подрачје на Основен суд Куманово, заверила договор за купопродажба на недвижен имот помеѓу В.Т. од Велес како продавач и А.С. и А.М. од Куманово како купувачи, а врз основа на договорот направила потврда за солемнизација и на тој начин постапила спротивно на Закон за сопственост и други права, бидејќи како сопственик на имотот, покрај В.Т., се јавуваат и О.А. од Куманово и државата Република Северна Македонија.  

На 16.07.2024 во 15.14 часот во СВР Скопје, А.Н.(33) од село Џепиште, Дебарско, пријавил дека на подрачјето на Чаир бил физички нападнат од У.Б..

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 16.07.2024 во 20.40 часот во СВР Скопје 47-годишна скопјанка пријавила дека на кеј на река Вардар во Скопје, на територија на Карпош, забележала машко лице на возраст од околу 20 години како се самозадоволува, по што го напуштил местото.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

СВР Битола поднесе кривична пријава против Н.Н.(69) од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.

На 11.05.2024, пријавениот злоупотребил банкарска платежна картичка на друго лице, така што направил две трансакции.

На 16.07.2024 во 09.50 часот во СВР Скопје, С.Б.(82) од Скопје пријавила дека околу 09.30 часот на подрачјето на Гази Баба, едно лице со употреба на физичка сила ѝ одзело личен накит.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Во Полициската станица Пробиштип, Н.В.(23) од с.Баница, Струмичко, пријавила дека на 14.07.2024 во 11.30 часот на Градскиот пазар во Пробиштип, С.С(41) од Пробиштип ја удрила со патничко возило „ланчија“ со пробиштипски регистарски ознаки.

За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Штип и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против Л.М.(54) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“.

Во текот на март 2024 година, пријавениот во својство на инвеститор, започнал градба на дел од објект за домување, без да поседува одобрение за градење издадено од надлежен орган.  

На 16.07.2024 во 23.00 часот во СВР Скопје, од Казнено-поправната установа Затвор Идризово било пријавено дека осуденикот М.П.(35) од с.Мојанци, Скопско, при пад од ограда се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Имено, според пријавеното, во 19.00 часот, откако му завршила смената во јавно претпријатие лоцирано веднаш до установата, за да излезе, се обидел да ја прескокне оградата затоа што главната капија била заклучена, а откако се качил на оградата, му се слошило и паднал. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 16.07.2024 во 11.30 часот во Полициската станица Свети Николе, В.М.(34) од Свети Николе, управител на приватна фирма од Свети Николе, пријавил дека петмина негови вработени - лица од Непал, со привремен престој во Свети Николе, на возраст од 27 до 38 години, го напуштиле местото каде што престојувале.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата.

ОВР Радовиш поднесе кривична пријава против В.Т.(27) од Радовиш, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет  наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.

Во септември 2023 година полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана.    

На 16.07.2024 во 12.10 часот во ОВР Берово, Д.В.(44) од Берово, раководител на правен субјект од Пехчево, пријавил дека нивни 38-годишен вработен од Непал, со привремен престој во Пехчево, се оддалечил од местото каде што престојувал.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето. хс/

Фото: МИА архива     

 

Остани поврзан