• сабота, 23 ноември 2024

МВР билтен

МВР билтен
Скопје, 7 февруари 2022 (МИА)Полициски службеници од Полициската станица Кавадарци вчера околу 14:30 часот на улицата „Јован Планински“ во Кавадарци ги лишиле од слобода К.Ч.(39) и П.С.(38), двајцата од Кавадарци. Тие биле затекнати при купопродажба на марихуана и кај двајцата била пронајдена и одземена марихуана. Потоа, врз основа на судска наредба, во домовите на двајцата биле извршени претреси и, исто така, била пронајдена и одземена марихуана. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава. Полициски службеници од СВР Битола вчера го лишиле од слобода И.Ф.(22) од Битола, бидејќи кај него биле пронајдени и одземени марихуана, метална дробилка, дигитална вага и други предмети со остатоци од марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесена пријава по член 215 од Кривичниот законик за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. Полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода синоќа во 0:10 часот на подрачјето на Кисела Вода го лишиле од слобода М.Ј.(32) од Скопје затоа што кај него биле пронајдени марихуана и нож. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок. Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје вчера во 16:30 часот на подрачјето на Центар го лишиле од слобода Л.Б.(30) од Скопје затоа што кај него била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок. Полициски службеници од СВР Скопје вчера околу 20:00 часот на улицата „16 Македонска бригада“ во Скопје го лишиле од слобода Р.Љ.(46) од Скопје. При преглед во возилото „ланчиа“, со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени предмети поврзани со кривични дела, а било утврдено дека регистарските таблички кои биле на возилото припаѓаат на друго возило во сопственост на лице од Скопје. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. Во објекти на поранешна фарма на исклучувањето за кумановското село Речица на автопатот Куманово-Табановце,  вчера во 13:40 часот полициски службеници од Национална единица за спречување на криумчарење на мигранти и трговија со луѓе пронашле 15 мигранти. Двајца од нив биле приведени поради сомнение дека се организатори, односно дека вршат криумчарење. Тие биле предадени на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка. Останатите лица се сместени во Прифатниот центар за странци во Скопје и во прифатниот центар во Табановце.  За настанот бил известен Јавен обвинител и по целосно документирање ќе биде поднесен соодветен поднесок. Г.Р.(51) од Прилеп вчера во ОВР Прилеп пријавил дека на место викано „Пештерица“, прилепско, пронашол неексплодирана артилериска граната. Од страна на пиротехничар од Дирекција за заштита и спасување гранатата била безбедно подигната за понатамошна постапка и било констатирано дека се работи за артилериска граната калибар 75мм која потекнува од Првата светска војна. Полициски службеници од Полициското одделение Ропотово вчера го лишиле од слобода А.А.(74) од село Маргари бидејќи бил затекнат како врши бесправен превоз на огревни дрва во патничко моторно возило. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. На подрачјето на СВР Битола вчера била спроведена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило со брзина поголема од пропишаната. Притоа, превземени се 43 мерки и тоа 31 за управување со брзина поголема од пропишаната во населено место и 12 за управување со брзина поголема од пропишаната надвор од населено место. Полициски службеници вчера на подрачјето на СВР Штип спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. За време на контролата биле констатирани 28 прекршоци, од кои 19 надвор од населено место и 9 во населено место. На сите возачи им биле изречени соодветни санкции. Санкционирани биле и 17 други видови на прекршоци, од кои 9 за управување возило под дејство на алкохол, по 1 за нерегистрирано возило,  за технички неисправно возило, за некористење сигурносен појас, 2 за користење мобилен телефон и 3 за непрописно паркирање. Изминатиот викенд (5/6 февруари) од 20 до 02.00 часот на подрачјето на СВР Tетово спроведена е акциска контрола на возачи дали и колку од нив управуваат под дејство на алкохол. При контролата откриени и законски санкционирани биле 6 возачи (ТЕ-4 и ГВ-2), кои управувале возила под дејство на алкохол. Тие се исклучени од сообраќај, времено им се одземени возачките дозволи и изготвени им се  соодветни поднесоци. При контролата, исто така, санкционирани се и 19 други видови сообраќајни прекршоци(ТЕ-11 и ГВ-8). На подрачјето на СВР Велес вчера во периодот од 12:00 до 16:00 часот била спроведена зајакната акциска контрола за санкционирање на возачи кои не даваат предност на минување на пешаци на пешачки премин. Притоа, биле констатирани и санкционирани 16 прекршоци, кои биле соодветно санкционирани. Во Полициската станица Кратово вчера во 22:40 часот било пријавено дека на регионалниот пат во село Туралево, кратовско, на место викано „Блокови“, патничко моторно возило „застава југо“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Н.Ј.(51) од село Филиповци, кратовско, излетало надвор од коловозот. Во несреќата возачот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Општата болница во Куманово. Извршен бил увид на местото од увидна екипа од Полициската станица Кратово. вј/

Остани поврзан