МВР-билтен
- На 05.12.2024 полициски службеници од ОВР Кавадарци ги лишиле од слобода З.З.(41) и неговата 37-годишна сопруга Ф.М.З. од Кавадарци и Џ.Н.(32) и Л.М.(56), двајцата од Велес.
Скопје, 6 декември 2024 (МИА) - На 05.12.2024 полициски службеници од ОВР Кавадарци ги лишиле од слобода З.З.(41) и неговата 37-годишна сопруга Ф.М.З. од Кавадарци и Џ.Н.(32) и Л.М.(56), двајцата од Велес. При претрес во домот на З.З. во Кавадарци, извршен со судска наредба, лицата биле затекнати како користат дрога, по што во домот биле пронајдени и одземени кафеава прашкаста материја, зелена растителна материја, жолта прашкаста материја и други предмети со остатоци од дрога. Лицата биле приведени во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 05.12.2024 во 20.00 часот кај место викано „Караорман“ во Гевгелија, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и гранични проверки Богородица го лишиле од слобода А.А.(27) од Косово. При преглед во возилото „ауди А3“ со косовски национални ознаки, кое го управувал, биле пронајдени четири лица мигранти, од кои едно од Сирија и три од Египет. А.А. бил задржан во Полициската станица Гевгелија, а мигрантите биле сместени во Прифатно – транзитен центар во Гевгелија за понатамошна постапка. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 06.12.2024 околу 05.40 часот на автопатот Демир Капија - Скопје, кај клучка Неготино, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово го лишиле од слобода М.Ч.(36) од Република Турција. При преглед во патничко возило „пежо 5008“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени осум лица мигранти од Сирија, од кои шест малолетници. М.Ч. бил задржан во полициска станица, а мигрантите биле сместени во Прифатно - транзитен центар Гевгелија за понатамошна постапка. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 05.12.2024 во 20.50 часот, полициски службеници за Одделението за недозволена трговија со дрога при ОВР Кавадарци го лишиле од слобода М.А.(40) од Кавадарци затоа што кај него била пронајдена и одземена зелена растителна материја и кафеава прашкаста материја. М.А. бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 05.12.2024 во 09.45 часот, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Д.И.(35) од с.Доброште. Тој се сомничи дека одзел патничко возило „опел вектра“ со тетовски регистарски ознаки, сопственост на Р.В.(37) од с.Доброште, а кое беше пријавено на 03.12.2024 во Полициското одделение Теарце. Тој е задржан во полициска станица за понатамошна постапка и против него ќе следува соодветен поднесок, додека одземеното возило ќе му биде вратено на сопственикот.
На 05.12.2024 во периодот од 11.00 до 15.00 часот, полициски службеници од СВР Тетово извршиле акциска контрола за санкционирање на возачи кои вршат јавен превоз на патници без поседување на лиценца. Притоа, на улица „Илинденска“ во Тетово било констатирано дека со патничко возило „киа“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Б.Р.(65), со патничко возило „фолксваген венто“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од И.Е.(70), патничко возило ,,фолксваген туран“ со тетовски регистарски таблички, управувано од С.Б.(61) и патничко возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од С.Ј.(62), бил вршен јавен превоз на патници без соодветна документација, односно лиценца и за тоа ќе бидат изготвени соодветни поднесоци.
На 05.12.2024 во 16.15 часот на улица „Илинденска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го привеле Н.Ј.(39) од с.Селце, Тетовско. При контрола на импровизирана тезга биле пронајдени и одземени пиротехнички средства. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.
Денеска (06.12.2024) во 01.00 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода А.С.(20) и Н.С.(20) двајцата од Скопје, затоа што во нивна близина била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Денеска (06.12.2024) во 00.10 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода И.Ј.(26) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 05.12.2024 во 22.45 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Ф.Ј.(24) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 05.12.2024 во 22.40 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.Б.(25) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 05.12.2024 во 14.45 часот во Скопје, на подрачјето на Драчево, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.Б.(21) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 05.12.2024 во 20.50 часот во СВР Тетово било пријавено дека на кружен тек на улица „Иво Лола Рибар“ во Тетово, патничко моторно возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.А.(45) од Скопје, удрило во пешакот В.Ј.(82) од Тетово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Клиничка болница Тетово. По овластување на јавен обвинител, увид на местото извршила увидна екипа од СВР Тетово.
На 06.12.2024 во 07.20 часот во Полициската станица Гази Баба, А.Б.(21) од Скопје пријавил дека на ул.„Лазар Поп Трајков“ во Скопје бил каснат од куче скитник. мд/