• недела, 24 ноември 2024

МВР Билтен

МВР Билтен

Скопје, 13 март 2021 (МИА) - На 12.03.2020 во 14,30 часот, полициски службеници од Полициското одделение Теарце на локалниот пат од с.Брезно кон с.Лешок, сопреле патничко моторно возило “голф 3“ со тетовски регистарски ознаки управувано од Ј.И.(36), во кое како совозачи се наоѓале и С.Џ.(30) и Д.С.(28), сите од с.Слатино. При извршен преглед пронајдена била марухуана и тие биле приведени во полициска станица. По документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

На 12.03.2021 во 18,30 часот од полициски службеници од СВР Тетово заедно со со инспектори од Државен пазарен инспекторат Тетово била извршена контрола  во угостителски објект во Тетово, каде било утврдено дека во објектот имало организирано семејна веселба и имало присутни околу 40 лица. Лишен од слобода е И.Б.(38) од Тетово, управител на објектот поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“ по член 206 од КЗ на РСМ. По документирање на случајот ќе следат соодветни поднесоци.

На  12.03.2021 во 12,50 часот на Граничниот премин „Деве Баир“, на излез oд Р.Северна Македонија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување на исправа“ (зелена карта) бил лишен од слобода Д.Ф.(38) од Р.Турција. Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.

На 12.03.2021 во 14,30 во Полициската станица Карпош М.М.(46) од Скопје пријавил дека на ул.“Козле“ неговиот син бил каснат од куче скитник.

На 12.03.2021 во 12,40 часот во Полициската станица Аеродром Л.П.(52) од Скопје пријавила дека на бул.“Јане Сандански“ била касната од куче скитник. ац/

Остани поврзан