• среда, 27 ноември 2024

МВР-билтен

МВР-билтен

Скопје, 8 октомври 2024 (МИА) - На 07.10.2024 во 23.40 часот во Кичево, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи при ОВР Кичево го лишиле од слобода С.З.(64) од Кичево.  При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени повеќе пакувања и неколку тегли со марихуана, дигитална вага и други предмети со остатоци од марихуана.  Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.  

На 07.10.2024 во 15.50 часот во с.Врапчиште, Гостиварско, полициски службеници од Полициското одделение Галате го привеле Е.А.(32) од Врапчиште, кој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување на затворска казна. Тој бил предаден во Казнено – поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.

На 07.10.2024 во 13.00 часот на ул.„Прилепски бранители” во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода П.Р.(34) од Прилеп, кој бил баран по потерница врз основа на наредба од Основен суд Прилеп за издржување на казна затвор. Лицето било спроведено во Казнено - поправната установа Затвор Битола за издржување на казната.

На 07.10.2024 во 20.15 часот на улица „Маршал Тито“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Б.Р.(38) од Република Косово, со привремен престој во Скопје. Тој се сомничи дека претходниот ден го подметнал пожарот во подрумските простории на општина Тетово. Лицето било задржано во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок по член 288 од Кривичниот законик. 

На 07.10.2024 во 21.30 часот на ул.„Трајче Магловски” во Битола, полициски службеници од СВР Битола ги лишиле од слобода С.О.(26) и А.Ш.(30), двајцата од Битола, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. Лицата биле приведени во полициска станица и по документирање на настанот против нив ќе следува соодветна пријава.

На 07.10.2024 во 09.50 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.Н.(22) од село Арачиново, Скопско, затоа што кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 07.10.2024 во 11.30 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Р.П.(45) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 07.10.2024 во  21.00  часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Б.С.(27) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 07.10.2024 во 16.00 часот на Граничниот премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода Ш.А.(42) од Косово затоа шти при извршена пасошка контрола и проверки било констатирано дека приложил фалсификувана полска возачка дозвола. Тој бил предаден на полициски службеници во СВР Куманово за понатамошна постапка.

На 07.10.2024 во 08.29 часот во СВР Битола било пријавено дека на крстосницата од  ул.„Македонска фаланга“ со ул.„Буковска“ и ул.„Индустриска“ во Битола се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пежо“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Т.С.(48) и мотоцикл со битолски регистарски ознаки, управуван од Д.Г.(53) двајцата од Битола. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот, констатирани во Клиничката болница Битола. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола.

На 07.10.2024 во 15.00 часот во Полициската станица Кавадарци било пријавено дека на ул.„Западен булевар“ во Кавадарци се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „нисан“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Х.С.(29) и мотоцикл со кавадаречки регистарски ознаки, управуван од Ф.Л.(20), двајцата од Кавадарци. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот, констатирани во Општата болница Кавадарци. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кавадарци.

На 07.10.2024 во 14.25 часот во СВР Скопје, од приватна болница во Скопје било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди била донесена А.З.(85) од Скопје. Според пријавеното, околу 12.00 часот на сервисна улица која се поврзува со бул.„Крсте Мисирков“ во Скопје била удрена од патничко возило, по што возачот го напуштил местото. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 07.10.2024 во 09.50 часот во Полициската станица Аеродром, А.Г.(70) од Скопје пријавил дека на бул.„Јане Сандански“ во Скопје бил каснат од куче скитник.

На 07.10.2024 во 15.15 часот во Полициската станица Гази Баба, П.К.(67) од Скопје пријавил дека на ул.„Благоја Стефковски“ во Скопје бил каснат од куче скитник.

На 07.10.2024 во 17.00 часот во Полициската станица Шуто Оризари, М.Р.(38) од Скопје пријавил дека на ул.„Брсјачка Буна“ во Скопје бил каснат од куче скитник. мд/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан