• петок, 17 јануари 2025

МВР-билтен (ДПЛ)

МВР-билтен (ДПЛ)
Скопје, 17 февруари 2022 (МИА) СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.Н.(42) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „несовесно работење во службата“ и „измама во службата“. При вонредна контрола во Јавната здравствена установа Општа болница - Охрид, извршена од финансиски контролори од Фондот за здравствено осигурување, било констатирано дека А.Н. во својство на секретар во болницата, со цел за себе да прибави противправна имотна корист, на претпоставениот - директор му поднел лажна документација со пресметки на плата и исплатни листи за периодот од 01.01.2019 до 31.10.2021. Притоа, лажно прикажал повисоки коефициенти за пресметана месечна плата за себе, лажно прикажувајќи се како самостоен стручен соработник - дипломиран правник со правосуден испит, лажен-неоснован коефициент за раководење и одговорност, кои самиот си ги одобрил. Врз основа на тоа му биле исплатени повеќе средства во износ од 77.357 денари.

На 16.02.2022, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода Р.Ш.(30), Ф.Б.(36) и Н.И.(36), сите од Скопје. Тие се сомничат дека на 13.02.2022 на ул.„Кемал Сејфула“ во Скопје одзеле регистарски таблички од патничко возило „форд“, сопственост на А.А.(38) од Скопје и ги поставиле на друго возило. По преземени мерки и при извршен преглед на возило „фолксваген пасат“, кое било пронајдено на ул.„Качанички пат“ било констатирано дека регистарските таблички припаѓаат на возилото сопственост на  А.А.. Исто така, било утврдено дека возачот Р.Ш. не поседува документи за возилото „фолксваген пасат“. Табличките и возилото биле одземени, а лицата биле приведени во полициска станица за понатамошна постапка. За случајот бил известен Јавен обвинител и по негово целосно документирање против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.   

На 16.02.2022 во 16.55 часот, полициски службеници од СВР Куманово, врз основа на судска наредба, го лишиле од слобода А.Ш.(26) од Куманово. Тој се барал со потерница за издржување на казна затвор за сторено кривично дело по член 206 од Кривичниот законик. Лицето било спроведено во Казнено-поправна установа Затвор К’шање  за издржување на казната.

На 17.02.2022 во 09.42 часот во СВР Штип, од Казнено-поправната установа Затвор Штип било пријавено дека при претрес во полуотвореното одделение била пронајдена прашкаста  материја. Полициски службеници од СВР Штип извршиле увид и ја одзеле прашкастата материја за понатамошна постапка. Се работи на расчистување на случајот.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Н.И.(63) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење јавен превоз без лиценца“. На 27.01.2022, кај селото Подмолје при  контрола на патничко возило „фолксваген голф“, со охридски регистарски таблици, управувано од пријавениот, а во сопственост на правно лице од Охрид, полициски службеници констатирале дека врши превоз на патници на релацијата Охрид-Струга без соодветна документација за превоз на патници во внатрешниот сообраќај, издадена од надлежен државен орган.

На 16.02.2022 во 14.00 часот, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 35-годишниот М.И. од тетовска Голема Речица, затоа што околу 13.00 часот во деловен објект на 62-годишниот А.И. од истото село му барал пари за наводен долг, му се заканувал со огнено оружје, а оштетил и дел од инвентарот во објектот. Се расчистува и документира случајот, по што ќе следува соодветен поднесок.

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против А.П.(53) од Кичево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотички дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. При претрес во неговиот дом во Кичево, извршен со судска наредба, полициските службеници пронашле и одзеле кокаин.  

На 16.02.2022 во 20.50 часот на автопат Гевгелија – Демир Капија, кај клучка Миравци, патничко возило „мерцедес“, со бугарски национални ознаки, не сопрело на даден знак за запирање од полициски службеници. Набргу потоа, возилото било пронајдено и при преглед во него биле пронајдени девет лица - мигранти (7 од Индија и по едно лице од Авганистан и од  Пакистан). Мигрантите биле спроведени и сместени во Прифатно-транзитен центар „Винојуг“ -Гевгелија за понатамошна постапка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.   

На 16.02.2022 во 10.30 часот во Полициската станица Гази Баба, К.У.(27) од с.Сопиште пријавил дека околу 09.40 часот, додека бил на неговото работно место во фирма на подрачјето на Гази Баба, бил физички нападнат од сопственикот М.Ѓ.(73). Се преземаат мерки за расчистување на случајот.   

На 16.02.2022 во 16.00 часот во Полициската станица Карпош, Ф.Б.(23) пријавил дека на ул.„Козле“ бил каснат од куче скитник.

На 16.02.2022 околу 06.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с.Сопиште, Скопско, настанал пожар во куќа сопственост на А.Д.(63). Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а при гаснењето еден пожарникар се здобил со повреди.

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Д.П.(19) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање на промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 03.02.2022, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана. 

На 16.02.2022 во 19.55 часот во СВР Скопје било пријавено дека настанал пожар во стан на ул.„Адолф Циборовски“, сопственост на Т.Т.. Пожарот бил локализиран од Противпожарната бригада од Скопје, а повредени лица нема. Увид бил извршен.  

На 16.02.2022 во 16.25 часот во СВР Скопје, С.Р.(33) од Скопје пријавила дека во с.Визбегово била касната од куче скитник.

На 16.02.2022 во 18.45 часот во Полициската станица Кисела Вода било пријавено дека во стан на ул.„Вера Јоциќ“ бил пронајден починат П.А.(60). Екипа на Итна медицинска помош констатирала смрт без траги на насилство, а по наредба на Јавен обвинител телото било дадено на обдукција.   

На 16.02.2022 во 17.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека настанал пожар во куќа во с.Нова Брезница, Скопско. Во пожарот куќата целосно изгорела, а внатре бил пронајден починат Ѓ.Т.(82) од Скопје. Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје. По наредба на Jавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција. мд/

17 

Остани поврзан