• сабота, 23 ноември 2024

МВР Билтен (ДПЛ)

МВР Билтен (ДПЛ)
Скопје, 2 јуни 2022 (МИА) – Полициски службеници на СВР Tетово ноќеска околу 03.00 часот на улица „Илинденска“ во Тетово, го лишиле од слобода 37-годишниот гостиварец Е.Х..  Лицето претходно одзело патничко возило „фолксваген голф 4“, со гостиварски регистарски ознаки, сопственост на лице од гостиварско Чегране, кое незаклучено било паркирано на улица „Сретко Крстевски“ во Гостивар. Е.Х. е задржан во Полициската станица Тетово за натамошна постапка, по што ќе му биде поднесен соодветен поднесок. Вчера во 13:45 во СВР Куманово, 65-годишен маж од Куманово пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 8.000 денари. Според пријавеното, лицетo му понудило огревни дрва и откако се договориле, се упатиле на местото каде наводно бил камионот со дрвата. Откако пристигнале лицето му кажало дека ќе се врати, а тој да го почека камионот, но отишло во неговата куќа и од неговата сопруга ги побарало и добило парите. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. На 02.06.2022 во 00:20 часот во ОВР Гевгелија било пријавено дека во село Стојаково, гевгелиско, Г.А.(58) од село Стојаково, управувајќи патничко возило „цитроен“, со гевгелиски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Медицински центар Гевгелија, а увид на местото извршила екипа на ОВР Гевгелија. Вчера во 17:15 часот во Полициската станица Петровец било пријавено дека во касарна во општина Петровец починал Ѓ.В.Т.(50) од Република Романија, кој работел во фирма која извршувала дејност во Северна Македонија. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција. На 02.06.2022 во 00:10 часот во Полициската станица Бит Пазар, З.О.(37) од Скопје пријавила дека на булевар „Никола Карев“, поради нерасчистени семејни односи, била физички нападната од Б.Џ. од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. Во Полициската станица Кисела Вода, во 21:30 часот Т.В.(38) од Скопје пријавил дека на улица „Христо Татарчев“, по претходна вербална расправија, В.П. физички го нападнал и му одзел и оштетил лични предмети. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. ОВР Гостивар поднесе кривична пријава против С.С.(43) од Гостивар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење на јавен превоз без поседување лиценца“. На  11.02.2022 на место викано „Ростушко анче“, општина Маврово и Ростуше, полициски службеници извршиле контрола на патничко возило „форд“, при што било констатирано дека пријавениот превезувал патници без да поседува соодветна документација, односно лиценца издадена од соодветна институција. Вчера во 10:30 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на крстосница од уица „Кеј 1 Мај“ со улица „Орде Тутески“ во Прилеп, патничко возило „цитроен“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од З.Е.(34), удрило во пешакот Н.П.(81), двајцата од Прилеп. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Општа болница Прилеп. Увид извршила увидната екипа на ОВР Прилеп. На 02.06.2022 во 07:05 часот, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Б.С.(30) од Велес, затоа што на улица „Вардарска“ се однесувал агресивно и попречувал полициски службеници при вршење службена дејност. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок. На 02.06.2022 во 01:40 часот, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Б.М.(36) од Скопје. Тој, претходно, на крстосница на булевар „Кузман Јосифовски – Питу“ со булевар „Кочо Рацин“, попречувал движење на автобус на ЈСП, агресивно се однесувал кон возачот и патниците и оштетил едно стакло, при што со повреди се здобил возачот З.Р.(51) од Волково, скопско. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. На 01.06.2022 во 10:30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на булевар „Борис Трајковски“, на место викано „Чешма“, бил нарушен јавниот ред и мир со меѓусебна пресметка помеѓу две групи на лица кои биле со патнички возила и употребиле и тврди предмети. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. СВР Скопје поднесе кривична пријава против малолетник од село Љуботен, скопско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење на работи од безбедност“. На 07.05.2022 околу 23 часот на Плоштад „Македонија“ пријавениот физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија. На 01.06.2022 во 11:40 часот во Полициската станица Центар, Т.К.(53) од Скопје пријавил дека на улica „Црвена вода“ бил физички нападнат од М.Д. од општина Сарај, кој и претходно му се заканувал. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. На 01.06.2022 во 17 часот во Полициската станица Бит Пазар, С.Д.(47) од Скопје пријавил дека во основно училиште на улица „Џон Кенеди“ неговиот малолетен син бил нападнат од едно женско лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. На 01.06.2022 во 16:05 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Д.Ѓ.(60) Велес, затоа што претходно во парк во Велес почнал да се соблекува пред малолетник од Велес. Во координација со Jавен обвинител, по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок. На 01.06.2022 во 11:50 часот во Полициската станица Чаир било пријавено дека на покрив од фирма на улица „1152“ биле пронајдени три залутани зрна, кои оштетиле фотонапонски панели. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје, а зрната биле подигнати за понатамошна постапка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.свс/  

Остани поврзан