• сабота, 23 ноември 2024

МВР билтен (ДПЛ)

МВР билтен (ДПЛ)
Скопје, 5 мај 2022 (МИА)Полициски службеници од Оперативниот тим потраги при СВР Скопје денеска во 12:45 часот на улицата „Вељко Влаховиќ“ во Штип го лишиле од слобода Ј.Г.(32) од село Мралино, скопско. Тој бил баран по централна потерница од Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од една година и 10 месеци за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик. Лицето ќе биде предадено во казнено-поправна установа за издржување на казната. Полициски службеници од Оперативниот тим потраги при СВР Скопје денеска во 10:30 часот на улицата „Бутелска“ во Скопје го лишиле од слобода Ф.Д.(22) од Скопје. Тој бил баран по централна потерница од Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од една година за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик. Лицето ќе биде предадено во казнено-поправна установа за издржување на казната. 39-годишна жителка од скопско село вчера во 17:40 часот во СВР Тетово пријавила дека била измамена од едно машко лице, кое најпрво и рекло дека е од Скопје, а потоа од Тетово. Според пријавеното, лицето и ветило дека ќе и помогне да ѝ доделат стан преку хуманитарна организација, но за подмирување на одредени трошоци побарало од неа преку таксист во Тетово да му испрати извесна сума пари. Како што е пријавено, таа му ги дала парите на таксистот, а лицето со кое контактирала телефонски не се појавило во Тетово, по што сфатила дека е измамена. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот. Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против Х.Д.(24) од село Зајас, кичевско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотички дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 04.08.2021 во Кичево, полициски службеници извршиле преглед на пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана. ОВР Кавадарци поднесе кривична пријава против Т.П.(42) од Кавадарци поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 31.10.2021 на патот Моклиште - Кавадарци, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот и возилото во кое се превезувал, при што пронашле и одзеле кокаин. ОВР Гостивар поднесе кривична пријава против Б.А.(49) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 21.12.2021 во Гостивар, полициски службеници извршиле контрола на тезгата на која работел пријавeниот, при што пронашле и одзеле 1641 парче пиротехнички средства. СВР Штип поднесе кривична пријава против Б.К.(57) од село Стар Караорман, штипско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“. На 03.04.2022, пријавениот, преку социјалната мрежа „Facebook“ објавил коментар со содржина која ширел расистички и ксенофобичен материјал. СВР Штип поднесе кривична пријава против В.С.(40) од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на лични податоци“. На 23.09.2019, пријавената, без согласност на лице од Штип ги искористила неговите лични податоци за зачленување во продажна мрежа, по што направила и нарачка на производи во износ од 5.860 денари. СВР Штип поднесе кривична пријава против З.М.(35) од Охрид и правно лице од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „фалсификување исправа“ и „употреба на исправа со невистинита содржина“. Во текот на септември 2021 година, З.М. - управител на правното лице, во негово име и негова корист изготвил лажна исправа - Одобрување за вршење на вонреден превоз на вонгабаритен товар, со намера да се искористи за вршење на транспорт на товар - работна машина на релација Граничен премин Нов Дојран- влез на Штип, со товарно возило и приколка сопственост на правното лице. Таквото одобрување, кое според Законот за превоз во патниот сообраќај се издава од ЈП за Државни патишта, било употребено на 17.09.2021 при влез од Република Грција на Граничен премин Нов Дојран. Но, по извршени дополнителни проверки било утврдено дека исправата е невистинита. СВР Охрид поднесе кривична пријава против правно лице од Охрид и управителот З.Г.(55) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности“. На парцела во државна сопственост, пријавените вршеле ископи и поставувања на бетонски потпори. Во СВР Скопје вчера во 19:46 часот било пријавено дека во село Пакошево, скопско, настанал пожар во автобус сопственост на ЈСП, кој сообраќал на релација Ново Село-Зелениково. Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Увид на местото извршила екипа од Пoлициската станица Драчево. Б.Н.(73) од Скопје вчера во 11:00 часот во Полициската станица Гази Баба пријавил дека на 03.05.2022 околу 20:45 часот во село Идризово, скопско, три лица го нападнале со тврд предмет и му одзеле пари и други лични предмети. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. М.К.(18) од Скопје вчера во 11:50 часот во СВР Скопје пријавила дека во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, по претходна вербална расправија, била физички нападната од две лица додека била на работното место. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. М.А.(25) од Скопје вчера во 19:50 часот во Полициската станица Кисела Вода пријавил дека на подрачјето на населба Кисела Вода неколку лица со закана му одзеле предмети. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. Е.Ш.(44) од Скопје вчера околу 12:30 часот во Полициската станица Шуто Оризари пријавил дека од домот се оддалечил О.Ф.(13) од Скопје, кој им било доделен од социјалните служби за сместување во згрижувачко семејство. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.вј/

Остани поврзан