• сабота, 23 ноември 2024

Мбапе на почеток ќе ја носи „деветката“ во Реал

Мбапе на почеток ќе ја носи „деветката“ во Реал

 

Мадрид, 4 јуни 2024 (МИА) – Францускиот напаѓач Килијан Мбапе во Реал Мадрид ќе го носи дресот со бројот 9, објави денеск добро информираниот италијански новинар Фабрицио Романо.

Мбапе вчера потпиша петгодишен договор со Реал, откако последните седум години ги мина во ПСЖ носејќи го во францускиот клуб дресот со бројот 10.

Според Романо, шпанскиот клуб и Мбапе го почитуваат Лука Модриќ, кој останува во Мадрид уште една сезона, и ќе почекаат хрватскиот фудбалер да се пензионира или да замине од клубот, пред Французинот да ја преземе неговата „десетка“. 

Своевремено, и Кристијано Роналдо чекаше легендата на Реал, Раул, да замине во пензија за Португалецот да може да го облече дресот со бројот 7.

„Деветката“ која Мбапе ќе ја носи во својата прва сезона во дресот на Реал е слободна по заминувањето на неговиот сонародник Карим Бензема. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан