• петок, 22 ноември 2024

Матицата на иселеници ќе ја претставува земјава на фестивал во Анталија

Матицата на иселеници ќе ја претставува земјава на фестивал во Анталија

Скопје, 3 ноември 2023 (МИА) - Матицата на иселеници од Македонија на покана од невладината организација „Балканска кооперација“ (Balkan Kooperatifi) од Измир, Турција, ќе ја претставува државава  на фестивал за фолклор и култури во Анталија, Турција.

-На фестивалот „Antalya Yörük Türkmen Festivali“, кој ќе се одржува од 3 до 5 ноември, македонскиот фолклор ќе биде претставен од фолклорното друштво „Студио Блажевски“ со кореографии на Јовица Блажевски, а македонската етнокултура преку експонати од Најмалиот етномузеј на светот на Симеон Златев-Моне, соопшти Матицата на иселеници.

Фестивалот е интернационален и се одржува вторпат, годинава во знакот на 100-годишнината од Република Турција. Ќе учествуваат 81 здружение и 25 општини. хс/мд/ 

Фото: Матица на иселеници на Македонија 

Остани поврзан