• сабота, 05 јули 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Матарела во велигденската порака: Велигден нека биде поттик за дијалог, единство и утеха

Матарела во велигденската порака: Велигден нека биде поттик за дијалог, единство и утеха

Рим, 20 април 2025 (МИА) - Претседателот на Италија, Серџо Матарела упати велигденска порака до папата Франциск, во која посака сеќавањето на воскресението да ги инспирира припадниците на сите религии, како и неверниците, за стремежот кон општото добро да биде вкотвено во вредностите на правдата и правичноста, неопходни за мирен соживот и просперитет на народот.

„Нека оваа година Велигден, кој сите христијански цркви го слават на ист ден за прв пат по долго време, биде поттик за дијалог, единство и утеха, особено за заедниците кои страдаат од конфликти и несигурност ширум светот“, порача Матарела во пораката до папата Франциск по повод претстојниот Јубилеј на надежта, пренесе италијанската новинска агенција АНСА. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан