Марк Руте заминува за Вашингтон на средба со Трамп
- Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте од денеска до петок ќе престојува во посета на САД.

Брисел, 12 март 2025 (МИА) - Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте од денеска до петок ќе престојува во посета на САД.
Како што соопшти НАТО, во рамки на престојот во Вашингтон, Руте утре во Белата куќа ќе се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп.
Покрај со Трамп, предвидено е Руте да има средби и со високи претставници на Американската администрација и со членови на Конгресот на САД.
Посетата на Руте на Вашингтон доаѓа во време на интензивни дебати и предлози во ЕУ за зајакнување на одбраната на Европа. сп/
Фото: МИА Архива