• вторник, 24 декември 2024

Маркоска: Усвоен ребалансот, следуваат повисоки, плати, пензии и нови антикризни мерки

Маркоска: Усвоен ребалансот, следуваат повисоки, плати, пензии и нови антикризни мерки
Скопје, 24 јули 2022
Собранието го усвои ребалансот на Буџетот за 2022 година кој обезбедува одржување на макроекономската стабилност но и поголема поддршка за компаниите и граѓаните. Нови 76 милиони евра се обзбедени за идни антикризни мерки за справување со последиците од светската економска и енергетска криза. За поддршка на земјоделството за да се поттикне зголемено домано производство, обезбедени се дополнителни 3,2 милијарди денари, односно 32 милиони евра. Со ребалансот обезбедивме средства за исплата на зголемени плати во образованието и детската заштита како и за повисоки пензии од септември за над 320.000 пениознери. Овој ребаланс на Буџетот на дело ја потврдува заложбата на СДСМ за стабилна и развојна економија но и за повеќе пари во секое семејство. Во година полна со економски, енергетски и здравствени предизвици Владата предводена од СДСМ покажува капацитет во справувањето со последиците, покажува што значи вистинска грижа за сите граѓани. И во време на криза, како одговорна партија, продолжуваме да водиме економски политики кои обезбедуваат повисок животен стандард за граѓаните. Прес-конефернција на Даниела Маркоска, пратеничка на СДСМ ___________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки. https://www.youtube.com/watch?v=51MzmxqncIY

Остани поврзан