• среда, 25 декември 2024

Маркоска: СДСМ работи за граѓаните, се грижи за стандардот и се справува со кризата

Маркоска: СДСМ работи за граѓаните, се грижи за стандардот и се справува со кризата
Скопје, 14 мај 2022 Има голема разлика која што овие денови стана уште повидлива. СДСМ работи за граѓаните, се грижи за стандардор и се справува со кризата. ВМРО ДПМНЕ се обидува да кочи, да блокира, на штета на граѓаните и државата. Во време на најголема светска економска криза Владата предводена од СДСМ и парламентарното мнозинство спроведуваат ефикасни решенија за заштита на животниот стандард и помош за компаниите. Мерките вредни 400 милиони евра дадоа резултат. Во период од само два месеци ја зголемивме минималната плата на 18.000 денари, обезбедивме дополнителна финансиска помош од по 1.000 денари месечно за пензионерите и примателите на социјална помош, а заедно со здруженијата на пензионерите договоривме нова методологија за рекорден раст на пензиите. Во време на криза, ги намаливме трошоците на семејствата и компаниите преку намалување на ДДВ и акциза за горивата и преку субвенционирање на цената на електричната енергија. Покрај мининалната, и просечната плата успеавме да ја зголемиме до речиси 30.000 денари. И додека СДСМ ги зголемува платите и пензиите и помага на економијата, ВМРО-ДПМНЕ се противи на секој денар кој завршува назад кај граѓаните и компаниите. ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски се противеа на зголемувањето на минималната плата, на покачување на пензиите, на проектот Мој ДДВ, се противеа на поголеми субвенции за земјоделците. Од таквото антинародно однесување, ВМРО-ДПМНЕ не се откажува. Наместо конструктивност и соработка, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се обидоа да ја блокираат работата на Собранието и да кочат важни закони за граѓаните. Помина една недела и ништо не се постигна. Само се одолговлекуваше усвојувањето на дневниот ред. На крајот се загубија драгоцени денови на снетка на граѓаните, но дневниот ред се усвои, собраниската седница продолжи. Не доби ВМРО ДПМНЕ ништо, ниту нешто постигна. ВМРО-ДПМНЕ само потврди дека се однесува неодговорно, во време на криза се обидува да ја закочи работата на институциите и да нанесе штета на граѓаните и домашната економија. Но тоа не се случи, блокадата не успеа. СДСМ, заедно со парламентарното мнозинство и граѓаните тоа не го дозволи. Ќе ги надминеме сите обиди за блокади на опозицијата и потребните законски решенија ќе бидат донесени. Изјава на Даниела Маркоска, пратеничка на СДСМ ————————————————————————————————————————— МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки. https://www.youtube.com/watch?v=5S0qK_37ou8

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан