Маринакис не ги коментира ставовите на Ванс, но порача дека време е Европа политички да созрее
- Да се надеваме дека барем сега, ќе се случи она што грчкиот премиер многу пати го има кажано во последните години, Европа политички да созрее и политички да порасне. Нека бидат овие изјави, за кои не сакам да дадам коментар, повод за еден силен аларм, рече портпаролот на грчката Влада Павлос Маринакис на денешниот редовен брифинг, одговорајќи на новинарско прашање за говорот на американскиот потпретседател Џеј Ди Ванс, јави дописничката на МИА од Атина.

Атина, 17 февруари 2025 (МИА) – Да се надеваме дека барем сега, ќе се случи она што грчкиот премиер многу пати го има кажано во последните години, Европа политички да созрее и политички да порасне. Нека бидат овие изјави, за кои не сакам да дадам коментар, повод за еден силен аларм, рече портпаролот на грчката Влада Павлос Маринакис на денешниот редовен брифинг, одговорајќи на новинарско прашање за говорот на американскиот потпретседател Џеј Ди Ванс, јави дописничката на МИА од Атина.
Маринакис рече дека за ставовите на потпретседателот на САД нема што да коментира и потсети на грчките предлози што се однесуваат на европската одбрана, енергетиката, конкурентноста, како и на управувањето со миграцијата
Во однос на тоа што Грција не учествува на денешниот неформален Самит во Париз, Маринакис објасни дека се поканите само земјите кои се најголемите економии во Европа, посочи дека грчката економија се подобрува, но не е на овој висок степен, но и нагласи дека Грција е столб на стабилност во југоисточна Европа и, како што рече, ова произлегува од значајните иницијативи.
- Никој не може да ја оспори улогата на Грција, Грција одигра јасна, активна, суштинска, и конструктивна улога во ревизијата на одбранбените политики на ЕУ, рече Маринакис.
За Украина нагласи дека позициите се јасни, објаснувајќи дека земјата никогаш нема да ја стави во опасност домашната одбрана и паралелно истакна дека ја очекуваат „реакцијата на Европа на највисоко ниво“. ср/рп/
Фото: Архива МИА