• сабота, 23 ноември 2024

Мареј не е сигурен дали ќе учествува на Олимпијадата

Мареј не е сигурен дали ќе учествува на Олимпијадата

Париз, 12 јуни 2024 (МИА) - Британскиот тенисер Енди Мареј не е сигурен дека ќе може да учествува на Олимписките игри во Париз со оглед на неговата моментална форма.

Триесет и седум-годишниот Мареј не ја исклучува можноста да се повлече од тенисот по Вимблдон.

- Морам да видам што ќе се случи со Олимпијадата. Сè уште не сум 100 проценти сигурен каква е ситуацијата во двојките и дали ќе играм или не, ако само одам во сингл. Не знам. Моето тело не се чувствуваше добро на земјена подлога во последниот месец. Имав многу проблеми со грбот, па не знам дали би излегол во сингл, изјави тој за „Дејли Експрес“.

Британецот синоќа загуби од Американецот Маркос Широн во првото коло на турнирот на трева во Штутгарт (Германија).

Мареј е трикратен Гренд слем шампион. Тој е единствениот двократен олимписки шампион во сингл кај мажите во историјата. Исто така, на Олимписките игри во Лондон 2012 година, тој освои сребрен медал во мешани двојки заедно со Лора Робсон.

Олимпискиот тениски турнир ќе се одржи на терените на „Ролан Гарос“ од 27 јули до 4 август. дс

Фото: Архива

Остани поврзан