• петок, 26 јули 2024

Мареј: Неверојатно тешко е да се игра финале против Ѓоковиќ

Мареј: Неверојатно тешко е да се игра финале против Ѓоковиќ

Лондон, 20 февруари 2024 (МИА) - Британскиот тенисер Енди Мареј ги нарече неверојатно тешки конфронтациите со Србинот Новак Ѓоковиќ во финалето на турнирот.

Мареј и Ѓоковиќ играа еден против друг 36 пати, а повеќето од овие натпревари беа финалиња или во последните фази на турнирите. 

- Очигледно, да се игра против него во финалиња е неверојатно тешко. Играв многу финалиња со него и ми беше многу тешко. Но, мислам дека со тоа што го постигна во последните 5-6 години, уште потешко им е на некои од помладите играчи кои штотуку почнуваат да играат финалиња на Мастерс или Грен слем. Новак е на другата страна, бидејќи веќе има освоено 24 Грен слема и 98 титули. Не е лесно кога имаш мало искуство во овие ситуации и стоиш спроти тип кој толку многу освоил. Навистина е тешко, изјави Мареј за „Tennis World USA“. 

Сите 36 од овие средби се случија помеѓу 2006 и 2017 година, а Ѓоковиќ води со резултат 25:11. Во исто време, Србинот победи на 11 од 19 средби во финалето. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан