Манчестер јунајтед сака да го ангажира Осимен
- Фудбалерот на Наполи, Виктор Осимен, може да ја продолжи кариерата во англиската Премиер лигата, објави „Teamtalk“.
![Манчестер јунајтед сака да го ангажира Осимен](https://mia.mk/index.php/images/20250218075547_big_730x400_51.webp )
Лондон, 18 февруари 2025 (МИА) – Фудбалерот на Наполи, Виктор Осимен, може да ја продолжи кариерата во англиската Премиер лигата, објави „Teamtalk“.
Сериозно заинтересиран за 26-годишниот Нигериец е Манчестер јунајтед кој е во потрага по напаѓач.
Сепак, амбициите на Осимен се настапи во Лигата на шампионите и неговата висока плата може да го отежнат потпишувањето на договорот.
Осимен настапува за Галатасарај како позајмен фудбалер.
Во тековната сезона на 24 натпревари за Галатасарај, Осимен постигна 19 голови и пет асистенции. зс/
Фото: ЕПА