Манчестер сити не сака да го пушти Алварез во друг клуб
- Манчестер Сити нема намера ова лето да прифаќа понуди за позајмица на напаѓачот на тимот, Хулијан Алварез, пренесува инсајдерот Фабрицио Романо.
Манчестер, 9 јуни 2024 (МИА) - Манчестер сити нема намера ова лето да прифаќа понуди за позајмица на напаѓачот на тимот, Хулијан Алварез, пренесува инсајдерот Фабрицио Романо.
Според новинарот, 24-годишниот Аргентинец сака да добие поголема минутажа, за што ја известил управата на клубот. Во исто време, Сити сака да го задржи играчот.
Претходно беше објавено дека Челзи ќе упати понуда за Алварез во наредните денови.
Исто така, претставници на Пари Сен-Жермен контактирале и со агентот на фудбалерот.
Минатата сезона Алварез одигра 54 натпревари за Манчестер сити во сите натпреварувања, постигнувајќи 19 гола и 13 асистенции. Тој е под договор со „Граѓаните“ до летото 2028 година.
Порталот „Трансфермаркт“ ја проценува вредноста на играчот на 90 милиони евра. зс/
Фото: ЕПА