• среда, 22 јануари 2025

Манфред Вебер најави кандидатура за нов мандат на чело на ЕПП 

Манфред Вебер најави кандидатура за нов мандат на чело на ЕПП 

Брисел, 21 јануари 2025 (МИА) - Актуелниот претседател на десно центристичката Европска народна партија (ЕПП), Манфред Вебер денеска во Стразбур официјално ја најави својата кандидатура за втор тригодишен мандат на чело на најголемата партија во Европскиот парламент. 

Номинацијата на Вебер доаѓа од неговата матична партија, баварската Христијанско социјална унија (ЦСУ). 

Вебер ја најави својата намера за борба за нов мандат во саботата за време на состанокот на раководството на ЕПП во Берлин. 

Конгресот на ЕПП за избор на претседател ќе се одржи кон крајот на април во шпанскиот град Валенсија. Согласно Статутот на ЕПП, партискиот лидер го бираат делегатите на Конгресот со тајно гласање. 

Вебер беше избран за претседател на ЕПП во 2022 година, наследувајќи го актуелниот полски премиер Доналд Туск. Покрај лидер на ЕПП, од 2014 година Вебер е и претседател на Пратеничката група на партијата во Европскиот парламент. Тој беше „шпиценкандидат“ на ЕПП на изборите во 2019 година, но Европскиот совет не го поддржа неговиот избор за претседател на Европската комисија, па наместо него на оваа функција беше избрана неговата сонародничка Урсула фон дер Лаејн. 

Паралелно со Вебер, кандидатури за потпретседател на ЕПП најавија италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани и финскиот премиер Петри Орпо. сп/ 

Фото: ЕПП

Остани поврзан