Манифестација „Денот на гравот“ во Теарце
- Традиционалната манифестација „Ден на гравот“ ќе се одржи денеска во просториите на О.У „Кирил Пејчиновиќ“ – Теарце, во организација на Центарот за едукација и развој.

Скопје, 8 октомври 2022 (МИА) - Традиционалната манифестација „Ден на гравот“ ќе се одржи денеска во просториите на О.У „Кирил Пејчиновиќ“ – Теарце, во организација на Центарот за едукација и развој.
Како што информираат организаторите, со 11-тото издание на оваа манифестација, Центарот за едукација и развој ја започнува новата деценија на организирање на оваа традиционална манифестација, по пауза поради состојбата со ковид пандемијата.фф/лв/