Мандатот на Мисијата на ЕУ во Либија продолжен за уште две години
- Советот на ЕУ денеска одлучи да го продолжи мандатот на Европската мисија за интегрирано управување со границите во Либија (ЕУБАМ) за уште две години до 30 јуни 2027 година, за кој период и е обобрен буџет од речиси 52 милиони евра.
Брисел, 26 јуни 2025 (МИА) - Советот на ЕУ денеска одлучи да го продолжи мандатот на Европската мисија за интегрирано управување со границите во Либија (ЕУБАМ) за уште две години до 30 јуни 2027 година, за кој период и е обобрен буџет од речиси 52 милиони евра.
Како што соопшти Советот на ЕУ, ЕУБАМ придонесува за подобрување на капацитетот на либиските власти за управување со границите на Либија, борба против прекуграничниот криминал, вклучувајќи ги и трговијата со луѓе и шверцот на мигранти, и справување со тероризмот.
Цивилната мисија обезбедува технички совети, спроведува активности за градење на оперативни и технички капацитети, спроведува проекти и одржува специјализирани обуки и работилници.
- Обезбедувањето целосно почитување на меѓународните стандарди за човекови права и промовирањето на родово сензитивен пристап се основни аспекти на работата на Мисијата, се наведува во соопштението на Советот.
ЕУБАМ беше воспоставена во мај 2013 година во рамки на заедничката безбедносна и одбранбена политика на ЕУ. Со неа во моментов раководи Јан Вичитал. сп/
Фото: ЕУ