Манасиевски: Со 794 000 денари годишни примања претседателката на синдикатот на поштенски и телекомуникациски работници зборува за минимална плата
- СООПШТЕНИЕ:

Скопје, 2 април 2025
Почитувани,
Синдикалци на батерии, - Со 794.000 денари годишни примања Васе Депинова, претседателката на синдикатот на поштенски и телекомуникациски работници зборува за минимална плата.
Ова е лицемерието на Слободан Трендафилов и луѓето околу него.
Свиркачи кои ни ги доставија информациите за првите луѓе во ССМ се изреволтирани за односот на Трендафилов и луѓето околу него со Синдикатот како со своја фирма.
Додека Трендафилов и луѓето околу него ги лажат работниците за минималец, тие имаат примања и неколкукратно поголеми од минималмата плата.
Слободан Трендафилов и тие околу него се разоткриени. Народот ги прочита и никој не им верува.
Слободан Трендафилов со примања кои надминуваат 1.6 милиони денари годишно не може да биде синдикалец, тој само го злоупотребува синдикатот, а за таа цел користи неколку луѓе околу него кои исто така ги врзал со големи примања.
Трендафилов е прочитан. Народот гледа дека зад ССМ, всушност се крие СДС.
Линк од видео материјал
https://www.youtube.com/watch?v=ejwQAXFWn4s
https://limewire.com/d/636zG#kuio5xKlML
Прес-конференција на Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
______________________________________________________________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.
Фото: ВМРО-ДПМНЕ