Манасиевски: Лицемерно и исмевање на народот во лице е СДС и Филипче да поднесуваат закон за Кочани, исто како да поднесеа за Модуларната или за враќање на името
- СООПШТЕНИЕ - Дали можеби Филипче е на ум да поднесе закон за потекло на имотот на Зоран Заев? Или закон за поништување на законските измени на Кривичниот закон, со кои се спасија од прогон?

Скопје, 9 мај 2025
Интегрален текст од прес - конференција
Говорник: Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ
Почитувани,
Лицемерно и исмевање на народот во лице е СДС и Филипче да поднесуваат закон за Кочани, тоа е исто како да поднесеа за Модуларната или за враќање на името.
СДС и Филипче 7 години беа власт во Македонија. 7 години ја уништија државата до степен на непрепознатливост.
СДС и Филипче се причина за разурнатиот систем.
Поднесување на предлог закон за настраданите во Кочани е исмевање на народот во очи.
Што е следно? СДС и Филипче поднесуваат закон за враќање на името? Закон за Модуларната? Или закон за Онкологија?
Дали можеби Филипче е на ум да поднесе закон за потекло на имотот на Зоран Заев? Или закон за поништување на законските измени на Кривичниот закон, со кои се спасија од прогон?
Трагично и апсурдно е колку СДС и Филипче мислат дека народот не ги гледа нивните намери.
Но исто така приодот во СДС и тој на Филипче покажува дека таму ништо се нема сменето. Тоа е истата онаа партија која смени име, беше причина за Беса транс, Ласкарци, Модуларната, Онкологија и десетици други трагедии, и не чувствуваа никаква одговорност за истите.
И СДС и Филипче се проблемот, а не решението.
Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Фото: ВМРО - ДПМНЕ
__________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.