Макрон: Француските трупи ќе го напуштат Мали „на уреден начин“
- Француските трупи ќе го напуштат Мали „на организиран и уреден начин“, нагласи претседателот на Франција Емануел Макрон.
Брисел, 18 февруари 2022 (МИА) - Француските трупи ќе го напуштат Мали „на организиран и уреден начин“, нагласи претседателот на Франција Емануел Макрон.
Изјавата беше дадена како одговор на барањето на владејачката хунта во Бамако силите да заминат „без одлагање“.
Макрон на медиумска конференција по самитот во Брисел рече дека француските војници, иако ќе се повлечат во согласност со неговата најава еден ден претходно, ќе го сторат тоа на начин да продолжат да обезбедуваат заштита за мисијата за стабилизација на ОН во Мали, MINUSMA и други странски сили во земјата.
„Нема да правам компромис ниту една секунда за нивната безбедност“, рече Макрон. паг/