• вторник, 24 декември 2024

Макрон: Нападот на Хамас врз Израел е најголемиот антисемитски масакр во овој век

Макрон: Нападот на Хамас врз Израел е најголемиот антисемитски масакр во овој век

Париз, 7 февруари 2024 (МИА) - Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека нападот што го изврши Хамас во Израел на 7 октомври е „најголемиот антисемитски масакр на нашиот век“.

Говорејќи на државната церемонија во чест на Французите убиени во нападот, Макрон кажа дека секој ден се бори за ослободување на тројцата Французи за кои се верува дека сè уште се заложници на палестинското исламистичко движење.

Тој додаде дека не смее да се попушти пред антисемитизмот.

-Ништо не може да го оправда или да даде оправдување за овој тероризам, рече францускиот претседател во дворот на Палатата на инвалидите во Париз, каде што се изложени фотографии од жртвите.

Во нападот на Хамас, што доведе до израелската воена операција во Појасот Газа, загинаа 42 француски државјани.

Елисејската палата планира и церемонија во чест на француските жртви од израелските бомбардирања во Газа, но датумот и форматот на оваа комеморација се уште не се утврдени.сд/

фото: ЕПА

Остани поврзан