• вторник, 24 декември 2024

Макрон го повика иранскиот претседател да влијае на смирување на ситуацијата на Блискиот Исток

Макрон го повика иранскиот претседател да влијае на смирување на ситуацијата на Блискиот Исток

Њујорк, 25 септември 2024 (МИА) - Францускиот претседател Емануел Макрон го повика иранскиот претседател Масуд Пезешкијан да ги поддржи напорите насочени кон смирување на ситуацијата на Блискиот Исток и да влијае на актерите во кризните области.

„Претседателот на Републиката ја нагласи одговорноста на Иран во обезбедувањето поддршка за општа деескалација и користењето влијание за таа цел врз актерите кои дејствуваат како дестабилизирачки фактор за да се постигне примирје во Газа и да се запрат непријателските дејствија“, соопшти Елисејската палата.

Макрон вчера се сретна со својот ирански колега на маргините на Генералното собрание на ОН во Њујорк, во време кога меѓународната заедница се плаши од разгорување на конфликтите на Блискиот Исток, откако во таа област се отвори уште еден фронт - меѓу Израел и либанската група Хезболах. паг/

Фото: ЕПА

 

 

Остани поврзан