• понеделник, 23 декември 2024

Македонски државјанин приведен во Бугарија за шверц на мигранти

Македонски државјанин приведен во Бугарија за шверц на мигранти
Софија, 3 ноември 2022 (МИА) - Регионалното јавно обвинителство од бугарскиот град Бургас им одреди мерка притвор во траење од 72 часа на државјани на Северна Македонија и на Романија, под сомнеж за организирање на илегален транспорт на мигранти од Авганистан. Како што соопшти Обвинителството, двајцата странски државјани се товарат дека незаконски им помагале на лица со авганистанско потекло да престојуваат и да транзитираат низ територијата на Бугарија. Македонскиот државјанин е осомничен за организирање на илегален транспорт на 26 авганистански мигранти, кои биле откриени во неделата во селото Драганци во Општина Карнобат, во реонот на Бургас.  Романскиот државјанин, пак, е обвинет илегален превоз на 27 Авганистанци, пронајдени во понеделникот на потегот меѓу селата Житосвјат и Малина во истата Општина. Авганистанските државјани биле превезувани со две моторни возила со иста марка и модел. сп/аа/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан